Борис Шендов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борис Шендов
Роден 6 февруари 1930(1930-02-06)(94 г.)
Скопје, Кралство Југославија
Националност Македонец
Занимање градежен инженер, универзитетски професор

Борис Шендов (р. 6 февруари 1930 во Скопје) — македонски градежен инженер и универзитетски професор на Градежниот факултет во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Шендов бил редовен универзитетски професор на Градежниот факултет во Скопје до неговото пензионирање во 1995 година по предмети од областа на фундирањето. На факултетот работел од 1959 година, учествувајќи и во наставата на Архитектонскиот факултет.

Бил вклучен во реализацијата на повеќе архитектонски и инженерски објекти.

Издал учебник „Темелење“ I и II во 1985/85 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Швајцарско-македонски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1651. Text "series " ignored (help)