Божоле (вино)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Божоле
Винска областБургундија
Географско подрачјеБожоле
Винска сортаГами

Божоле — младо црвено вино произведено од сортата на грозје во францускиот регион Божоле, Бургундија.

Ова е младо вино кое се пушта за продажба само шест недели по завршувањето на жетвата на грозје, секогаш на третиот четврток од ноември. Во целиот свет тој ден претставува празник за Болжое, и често се кажува фразата „Le Beaujolais Nouveau est arrivé!“ (француски: „Пристигна новото Божоле“.

Виното се одликува со розово-виолетова боја и силен овошен вкус. Ова е младо вино, произведено за непосредна потрошувачка без стареење, бидејќи нејзиниот квалитет не е подобрен во текот на годините. Секоја година се произведуваат околу 45 милиони литри, што е речиси половина од сите произведени бургондиски вина. Повеќе од 50% од виното се извезува, а најголемите пазари се Германија и Јапонија и САД.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]