Богиња Гучева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Богиња Гучева
Родена Богиња Владиславова
30 март 1927
Куманово, Кралство СХС
Починала 8 август 2005(2005-08-08) (возр. 78)
Скопје, Македонија
Националност Македонка
Занимање универзитетски професор, ревматолог

Богиња Гучева (моминско: Владиславова; Куманово, 30 март 1927 - Скопје, 8 август 2005) — македонски универзитетски професор и ревматолог.

Животопис[уреди | уреди извор]

Богиња Гучева дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград, а специјализирала интерна медицина во Скопје. Повеќе години работела на Одделот и Клиниката за нефрологија и учествувала во воведувањето лекување со хемодијализа. Професионалниот живот го продолжила на Клиниката за ревматологија како нејзин соосновач, заедно со професорот Д. Арсов, и долгогодишен директор. Вовела поголем број на методи за дијагноза и терапија на ревматолошки болести.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. 2009. стр. 418. ISBN 978-608-203-024-1.