Благоја Ангеловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Благоја Ангеловски
Роден 11 март 1920
Тетово, денешна Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање режисер

Благоја Ангеловски (Тетово, 11 март 1920) — македонски филмски работник.

Завршил Виша трговска школа.

Од 1949 година е началник во одделението за киномрежи во Комисијата за кинематографија при Владата на СРМ, каде што останува на функција до крајот на 1950. Потоа преоѓа на работа во „Фотоцентар“.

Од 1958 е вработен во „Вардар филм“ како главен диспонент, додека во продукцијата на „Вардар филм“ неговото учество е во својство на организатор т.е. директор на филм.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]