Битка кај Ришкиот Превој

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Битка кај Ришкиот превој)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Координати: 42°56′14″N 26°56′22″E / 42.93722° СГШ; 26.93944° ИГД / 42.93722; 26.93944

Битка кај Ришкиот Превој
Дел од Византиско-бугарски војни
Датум 759
Место Стара Планина
Исход бугарска победа
Завојувани страни
Бугарија Византија
Команданти и водачи
Винех Константин V Копроним
Сила
непознато голема армија
Жртви и загуби
минимални големи

Битката кај Ришкиот Превој се одвила во 759 година кај Ришкиот Превој на Стара Планина, денешна Бугарија, помеѓу силите на Византиската империја и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугаритете.

Позадина[уреди | уреди извор]

Меѓу 755 и 775, византискиот император Константин V Копроним организирал девет неуспешни кампањи за да ја покори Бугарија.

Конфликти[уреди | уреди извор]

Во 759 година, императорот на чело со многубројна војска заминал кон Бугарија, но бугарскиот хан Винех успеал да ги зацврсти своите позиции околу Стара Планина. Кога византиската војска престигнала кај Ришкиот премин, таа била нападната од заседа и целосно поразена. Во битката загинале голем дел од византиските војници[1]. Византискиот историчар Теофан Исповедник пишува дека Бугарите го убиле стратегот на Тракија.

Последици[уреди | уреди извор]

По битката, ханот Винех добил можност да ја нападне непријателската територија. Но наместо тоа, тој започнал мировни преговори. Ова дело му го навлекла гневот на аристократијата, поради која причина бил убиен во 761 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Гръцки извори за българската история, том III, с. 270