Билино

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Билина)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Билино
планина
Поглед на Билино од селото Герман
Регион Балкан
Се граничи со Македонија Македонија/ Србија
Највисока точка Чупино Брдо; Стража
 - височина 1.703;1.547 м

Билино или Билина — средновисока планина што се протега во крајниот североисточен дел на Македонија на границата со Србија. Точните граници на планината тешко можат да се одредат поради големата десецираност на релјефот. На север се надоврзува Чупино Брдо, кое морфолошки не се разликува многу, па може да се смета за дел од Билино, додека на југ преминот од планината Герман е незабележителен.[1] Главното било се протега во правец север–југ во должина од 15 km. Највисок врв во јужниот дел е Стража (1.547 m), додека во северниот е Чупино Брдо (1.703 m). Пониските делови се под шума – даб и бука, а повисоките се под пасишта.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cvijić, Jovan (1906) (на српско-хрватски). Osnove za geografiju i geologiju Makedonije i stare Srbije: S promatranjima u juznoj Bulgarsoj, Trakiji, susednim delovima Male Azije, Tesaliji, Epiru i severnoj Arbaniji. Državna štamparija Kraljevine Srbija. 
  2. Zemjodelsko-šumarski fakultet (1970). Godišen zbornik: Annuaire. Sylviculture. Šumarstvo. Univerzitet vo Skopje.