Бета протеобактерии
Бета протеобактерии | |
---|---|
Burkholderia pseudomallei на агар во петриева плоча. | |
Научна класификација | |
Домен: | Bacteria |
Колено: | Proteobacteria |
Класа: | Betaproteobacteria |
Редови | |
Burkholderiales - на пример, Bordetella |
Бета протеобактериите (Betaproteobacteria) сочинуваат една класа на протеобактерии.[1]
Бета протеобактериите се состојат од неколку групи на аеробни или факултативни бактерии кои се силно разнообразни во поглед на разградувачките капацитети, но исто така содржат хемолитотрофни родови (како на пример, амонијак-оксидирачкиот род Nitrosomonas) и некои фототрофи (членови на родовите Rhodocyclus и Rubrivivax). Бета протеобактериите имаат улога во азотната фиксација кај различни типови на растенија, при што го оксидираат амониумовиот јон до нитрит — важно хемиско соединение потребно за функционирањето на растението. Многу од нив се наоѓаат во примероци земени од животната средина, како отпадна вода или почва.[2] Патогени видови во рамките на оваа класа се оние од фамилијата Neisseriaceae (кои предизвикуваат гонореја и менингитис) и видови од родот Burkholderia.
Систематика
[уреди | уреди извор]Во класата на бета протеобактерии се наоѓаат следните редови[3]
- Burkholderiales Garrity et al. 2006
- Hydrogenophilales Garrity et al. 2006
- Methylophilales Garrity et al. 2006
- Neisseriales Tønjum 2006
- Nitrosomonadales Garrity et al. 2006,
- „Procabacteriales“
- Rhodocyclales Garrity et al. 2006
Некои од поважните фамилии се:
- Alcaligenaceae
- Burkholderiaceae
- Comamonadaceae
- Gallionellaceae
- Hydrogenophilaceae
- Methylophilaceae
- Neisseriaceae
- Nitrosomonadaceae
- Oxalobacteraceae
- Rhodocyclaceae
- Spirillaceae
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „www.ncbi.nlm.nih.gov“. Посетено на 2009-03-19.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-10-06. Посетено на 2009-11-05.
- ↑ J.P. Euzéby: List of Prokaryotic Names with Standing in Nomenclature - Betaproteobacteria Архивирано на 8 мај 2008 г.