Берсерк (манга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
БЕРСЕРК
Берсерк, 1-10 танкобан, Dark Horse Comics.jpg
BERSERK
(ベルセルク)
ЖанрМрачна фантазија, Трагедија, Драма
Манга
БЕРСЕРК (единечно издание)
Креатор Кентаро Миура
Целна група Seinen
Списание Јапонија Young Animal
САД Dark Horse Comics
Издавање 1989 -
Бр. изданија40 тома

БЕРСЕРК (ベルセルク, Бе-ру-се-ру-ку, латинизирано како BERSERK) е тековен јапонски манга серијал напишан и илустриран од Кентаро Миура. Дејствието е во темно фантастичен свет, инспириран од средновековна Европа, а централната фигура на приказната најчесто е Гатс (од англиски „храброст“), кој е номадски наклонет осамен платеник, и Грифит, војвода на платеници наречени „Банда на Јастребот“. Миура претставил прототип на Berserk во 1988. Серијалот сепак започнал следната година во моментално непостоечкото манга списание „Monthly Animal House“, кое било заменето во 1992 со двомесечното списание Young Animal“, во кое Berserk продолжува да се публикува повремено.

Мангата е адаптирана во аниме ТВ-серија од 25 епизоди што ја опфаќа арката „Златното доба“. Адаптацијата е на Oriental Light and Magic, која што се емитувала од октомври 1997 година до март 1998 година. Трилогија на филмови наречени Berserk: Златното доба, била објавена со почеток во 2012 година. Втора аниме ТВ адаптација била емитувана во 2016 и 2017 година со вкупно 24 епизоди.

Од јануари 2016 година, Berserk имала во оптек над 40 милиони примероци.

Приказна[уреди | уреди извор]

Гатс (јап. ガッツ, Га-т'-тсу) е воин кој се соочува со невозможното уште откако е пронајден од сопругата на случаен платеник во калта до мртво дрво на кое што над него виси обесена неговата биолошка мајка. Платеникот, со име Гамбино, се согласува да го посвои, но по смртта на неговата сопруга, Гамбино го принудува Гатс да се бори како платеник уште како дете. Откако ја губи ногата во битка, Гамбино ја губи својата суровост, и го продава Гатс на силувач на деца за три монети. Гатс бега откако го убива Гамбино во самоодбрана, а кратко подоцна и силувачот, за на крајот да прерасне во млад платеник со страшна репутација. Гатс на крајот го привлекува вниманието на Грифит, ангелски харизматичен војвода на платеничката „Банда на Јастребот“ (鷹の団, Така но Дан). Грифит го принудува Гатс да им се придружи на неговите сили откако ќе го порази во двобој. Гатс брзо се издигнува низ редовите на платеничката банда, на крајот станувајќи најпознат рациски водач на „Јастребите“ и најсмртоносен заменик на Грифит. Бандата е ангажирана од кралството Мидленд да помогнат во победата на стогодишната војна против империјата Тудор. За тоа време, Гатс се зближува со Јастребите и дознава за мистериозниот приврзок на Грифит, „Крвавиот Бехелит“, и сонот на Грифит да биде монарх на сопствено кралство. Кога Јастребите наидуваат на монструозното бесмртно битие „Носферату Зод“, се додава дополнителна мистерија за „Бехелитот“, бидејќи Зод ги поштедува Гатс и Грифит кога ќе го види приврзокот, предупредувајќи го Гатс за неговата претстојна смрт, доколку тој стане вистински пријател на Грифит.

Со текот на времето, Јастребите играат важна улога во ставањето крај на Стогодишната војна на Мидленд со нацијата Тудор, за на крајот да бидат надградени во витези од кралот на Мидленд. Гатс развива и љубовна врска со командантот на единицата на Грифит, Каска, единствената жена член на Јастребите. Каска и Гатс првично се непријателски расположени едни кон други, но на крајот почнуваат да се заљубуваат откако Гатс го спасува животот на Каска и успешно се бори сам против сто војници за да ја спаси. Кога Гатс ќе го слушне Грифит велејќи дека може да го смета некого за вистински пријател само ако има свој сон, Гатс, тажен од изјавата на Грифит, ќе се обиде да ги напушти Јастребите во момент кога војната завршува и Грифит ги поразува своите политички непријатели. Грифит одбива да го пушти Гатс да ја напушти бандата на јастребот, тврдејќи дека тој го поседува. Во неизбежен двобој, Гатс победува со еден удар. Не можејќи да се справи со губењето од Гатс, Грифит ја губи својата среќна судбина кога ќе се дознае дека ја заведува ќерката на кралот, Шарлот. Тој завршува во затвор, со осуда да биде мачен бесконечно, додека јастребите се обележани да бидат усмртени. За време на заробеништвото на Грифит, неговиот мачител го фрла неговиот „Бехелит“. Гатс ја минува следната година од својот живот тренирајќи да стане подобар мечувалец, но во првата вечер го предупредува мистериозно, навидум демонско суштество наречено „Витез на черепот“, дека неговите постапки го педизвикале „Затемнувањето“, што ќе се случи за една година. Откако дознава за потешкотиите на Јастербите при борбен турнир, тој привремено се враќа во нив и дознава за судбината на Грифит и остатокот на приказната. Тој повторно се обединува и започнува романтична врска со Каска и им помага на одметнатите остатоци од „Јастребите“ да го спасат Грифит, за да го пронајдат ужасно осакатен и сведен на нема сенка од .

Иако групата успешно бега преку границите на кралството со Грифит, станува јасно дека повредите на Грифит се премногу големи и тој никогаш повеќе нема да може физички да се движи самостојно или да го исполни својот сон за владеење со кралството. Гатс исто така наскоро планира да ги напушти Јастребите повторно, носејќи ја Каска со себе, иако таа одбива да замине, презаситена од вината за моменталната состојба на Грифит. Преку судбоносни настани, очајниот Грифит го наоѓа својот „Бехелит“ и несвесно го активира за време на сончева еклипса. Ова ги пренесува Јастребите во друга реалност каде што наидуваат на архдемони заедно познати како „Божјата рака“ во церемонија наречена „Затемнувањето“. Повикан од вон световните суштества да стане еден од нив за да го оствари својот сон, Грифит ги жртвува своите војници на „апостолите“ на Божјата рака — обични луѓе како Носферату Зод, станале моќни демони жртвувајќи ги своите најблиски или човештвото за моќ — секој од Јастребите се „жигосани“ со симбол на нивното тело идентификувајќи ги како жртви. Додека Грифит има визии од Божјата рака што му покажува дека секогаш му било судбина да дојде на Затемнувањето, Гатс и Каска очајно се борат за својот живот додека се сведоци на бруталното колење на нивните другари. На крајот, целата банда на јастребот е заклана и изедена од демоните. Сепак, со тоа што Каска е единствената присутна жена, демоните ја измачуваат гола. Грифит конечно се препородува како петти и последен член на Божјата рака — „Фемто“. Првиот чин на Грифит по неговото вознесение е силувањето на Каска пред очите на Гатс. Гатс го губи десното око и ја отсекува сопствената лева подлактица за да се ослободи од демоните во бесен обид да го убие Грифит и да ја спаси Каска пред да ја изгуби свеста.

Гатс и Каска се спасени од смрт и повторно се враќаат во физичкиот свет во последен момент со интервенцијата на мистериозниот и моќен Витез на черепот. Сепак, штетата е направена, бидејќи Каска станува луда од нејзините ужасни искуства. Гатс дознава дека ќртвените белези што ги имаат тој и Каска ги прават мета на духови и други зли натприродни суштества секоја ноќ. Каска е оставена под грижата на ковачот Годо и Рикерт, единствениот член на Јастребите кој избегнува да е жртвуван затоа што не е присутен на активирањето на „Крвавиот Бехелит“. Гатс одбира огромен меч од Годо познат како Ламјоубиец (Dragonslayer) и добива протетичка лева рака што содржи скриен топ дизајниран од Рикерт и започнува да ги лови „апостолите“ во потрага за одмазда против Грифит. За тоа време, етерично деформиран фетус започнува да се појавува пред Гатс, коешто е неродено дете што би било негово и на Каска, извалкано од силувањето на Фемто (Грифит).

Две години подоцна, на Гатс му се придружува самовила-елф по име Пак и младиот крадец по име Исидро. Каска наскоро бега од Рикерт, испраќајќи го Гатс во луд лов за да ја најде. Гатс подоцна се соединува со Каска, кога замалку ќе биде изгорена како вештерка во градот Св. Албион. Таму, заедно со Пак и Исидро, се среќаваат со Фарнезе и Серпико од „Витезите на Светиот Железен Синџир“ на црквата Свето Море. Гатс претрпува кошмарно искушение, кое завршува со тоа што Грифит се инкарнира во нова физичка форма, обновувајќи се преку деформиран Апостол чиј сон бил да „создаде“ Нов Свет. Овој Апостол исто така го проголтува деформираниот фетус, нероденото дете на Гатс откако случајно го наоѓа неговото изнемоштено и скоро умрено тело моменти пред „Воплотувачката“ церемонијата, што резултира во новото тело на Грифит да носи некакво влијание од доенчето.

Продукција[уреди | уреди извор]

Пред почетокот на серијализацијата, Миура на 18 години работел како асистент на Џорџ Морикава, познат од „Hajime no Ippo. Морикава брзо го препознал високото уметничко ниво на Миура и престанал да работи со него.[1] Во 1985 година, Миура аплицирал за приемен испит на уметнички колеџ на Нихон универзитетот. Тој го доставил својот проект Futanabi на испитување и добил прием. Овој проект подоцна бил номиниран за најдобар нов автор во Неделниот Shōnen Magazine. Неговото прво серијализирано дело, Noa, било објавено во списанието, но не се покажало како успешно.[2] Во 1988 година, додека работел за Буронсон во проект насловен Orō (јап. 王狼, "Кралот на Волците") Миура објавил прототип на Berserk во „Gekkan ComiComi“ списание на Hakusensha[3][4] Овој прототип од 48 страници се нашол на 2-то место на 7-та ComiComi манга-школа награда.[5] Серизализацијата на Berserk започнала во Monthly Animal House на Hakusensha во 1989 година.

Во интервју со Јукари Фуџимото, Миура ги спомнал манга уметниците Јошиказу Јасухико и Фуџихико Хосоно како рани влијанија врз неговиот стил, како и манга серијалите Violence Jack од Го Нагаи и Guin Saga од Каору Куримото конкретно за приказната и атмосферата во Berserk. Fist of the North Star од Буронсон и Тетсуо Хара влијаела на Миура да го развие неговиот уметнички стил. Ranpo од Масатоши Учизаки му служела како референца за пејсажните цртежи. Pygmalio од Шинџи Вада и The Snow Queen (спин-оф на Guin Saga) ја инспирирале големината на мечот на Гатс мешајќи ги мечевите на ликовите од двете серии.[6] Миура, исто така, коментирал за влијанието на Shōjo мангата врз Berserk. Особено, тој споменал дека аниме адаптациите на „The Rose of Versailles и „Aim for the Ace!, и двете во режија на Осаму Дезаки, го инспирирале да ја прочита мангата „The Rose of Versailles“, како и делото на Кеико Такемија.[7]

Berserk е позната по своите чести и често проширени прекини,[8] кои датираат од крајот на 2006 година.[9] По 10-месечна пауза од септември 2014 година, мангата се вратила во јули 2015 година,[10] и сè до декември 2015 година, се објавувала месечно пред да се врати во неправилен распоред.[11] Се објавувала месечно од јуни до септември 2016 година, пред да влезе во друг прекин.[12][13] Мангата продолжила од март до јуни 2017 година,[14][15] а потоа од декември 2017 година,[16] била објавувана на редовно до мај 2018 година, и скоро три месеци подоцна, ново поглавје било објавено во август пред да влезе во прекин од 8 месеци.[17] Две поглавја биле објавени во април и август 2019 година.[18][19] Две нови поглавја била последно објавени во април и јули 2020 година.[20][21]

Прием[уреди | уреди извор]

Заклучно со јули 2015 година, мангата имала над 27 милиони примероци во Јапонија и 8 милиони во странство.[22] Заклучно со јануари 2016 година, мангата имала во оптек над 40 милиони примероци.[23] Во 2016 година, Berserk се нашла на 38-то место на 17-тата листа „Книга на годината“ од списанието Da Vinci.[24] Berserk томовите редовно се на првите места на јапонските листи за манга, а том 40 дебитирал како најпродавана манга за неделата на нејзиното објавување.[25]

Во септември 2018 година, било објавено дека Berserk е најпродаван производ на издавачот Dark Horse Comics на сите времиња со продадени над 2 милиони примероци.[26][27]

Поглавјето од прототипот од 1988 година добило 2 место на 7-та ComiComi манга-школа награда. Berserk ја освоила наградата Тезука Осаму за извонредност на 6-та инстанца од Културната награда „Тезука Осаму“ во 2002 година.[5]

Наследство[уреди | уреди извор]

Berserk инспирирала голем број видео игри, особено серијалите „Dynasty Warriors“ и „Souls“.[28]

Финскиот хеви метал бенд Battle Beast имаат напишано песни за Berserk, вклучувајќи неколку на нивниот истоимен албум од 2013 година.[29] Кога гитаристот Антон Кабанен ги напуштил Battle Beast во 2015 година, тој го формирал Beast in Black и продолжил да пишува песни за серијалот.[30] Деткор бендот Brand of Sacrifice го издале албумот God Hand во 2019 година. И бендот и албумот се огромно инспирирани од Berserk.[31]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Pinon, Matthieu (April 16, 2019). „Personnalité de la semaine : Kentarô Miura“. Animeland (француски). Архивирано од изворникот на April 16, 2019. Посетено на June 29, 2020.
  2. C, Ben (September 21, 2012). „REEL ANIME: Kentaro Miura and how a manga epic went Berserk“. Madman Entertainment. Посетено на December 2, 2019.
  3. 三浦建太郎. Natalie (јапонски). Посетено на June 29, 2020.
  4. 「ベルセルク」三浦建太郎氏、24年ぶりの完全オリジナル新作―その間ベルセルクは連載お休み. Livedoor (јапонски). November 8, 2013. Посетено на December 2, 2019.
  5. 5,0 5,1 第6回 マンガ優秀賞 三浦建太郎 『ベルセルク』 (Japanese). Asahi Shimbun. Посетено на July 18, 2010.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. Fujimoto, Yukari (December 15, 2000). Shōjo Manga Damashii 少女まんが魂 [The Spirit of Shōjo Manga] (јапонски). Hakusensha. ISBN 4-592-73178-6. Архивирано од изворникот на July 11, 2006.
  7. „Berserk × Hell's Paradise“. Kazé (француски). November 12, 2019. Архивирано од изворникот на June 27, 2020. Посетено на June 28, 2020.
  8. Sherman, Jennifer (September 19, 2017). „Berserk Creator Reveals He Based Band of the Hawk on High School Friendship“. Anime News Network. Посетено на December 2, 2019.
  9. „Berserk Resumes Serialization“. ComiPress. December 23, 2006. Посетено на December 2, 2019.
  10. Pineda, Rafael Antonio (July 8, 2015). „Berserk Manga Confirmed to Resume as Monthly Series This Month“. Anime News Network. Посетено на April 9, 2019.
  11. Pineda, Rafael Antonio (December 21, 2015). „Berserk Gets New Anime Project Featuring Guts as 'Black Swordsman'. Anime News Network. Посетено на April 9, 2019.
  12. Hodgkins, Crystalyn (June 9, 2016). „Berserk Manga Returns on June 24 As Monthly Series“. Anime News Network. Посетено на June 9, 2016.
  13. Pineda, Rafael Antonio (September 21, 2016). „Berserk Manga Goes on Hiatus Until Early 2017“. Anime News Network. Посетено на April 9, 2019.
  14. Hodgkins, Crystalyn (March 9, 2017). „Kentarou Miura Resumes Berserk Manga on March 24“. Anime News Network. Посетено на April 9, 2019.
  15. Hodgkins, Crystalyn (June 22, 2017). „Berserk Manga Goes Back on Hiatus Until Winter“. Anime News Network. Посетено на April 9, 2019.
  16. Pineda, Rafael Antonio (December 7, 2017). „Berserk Manga Returns From Hiatus on December 22“. Anime News Network. Посетено на April 9, 2019.
  17. 天原×クール教信者「平穏世代の韋駄天達」始動、「ベルセルク」40巻は9月発売. Natalie (јапонски). August 24, 2018. Посетено на May 21, 2020.
  18. Pineda, Rafael Antonio (April 13, 2019). „Berserk Manga Resumes After 8-Month Hiatus“. Anime News Network. Посетено на April 13, 2019.
  19. Rafael Antonio Pineda (August 8, 2019). „Berserk Manga Gets New Chapter on August 23“. Anime News Network. Посетено на December 2, 2019.
  20. ヤングアニマル9・10合併号 20年4月24日発売! (јапонски). Hakusensha. April 24, 2020. Архивирано од изворникот на May 22, 2020. Посетено на May 22, 2020.
  21. ヤングアニマル15号 20年7月22日発売! (јапонски). Hakusensha. July 22, 2020. Архивирано од изворникот на October 21, 2020. Посетено на May 22, 2020.
  22. „Berserk Manga Has 27 Million Copies in Print in Japan, 8 Million Overseas“. Anime News Network. 2015-07-24. Посетено на 2015-07-24.
  23. „TVアニメ「ベルセルク」7月スタート発表 WOWOW先行、MBS"アニメイズム"で放送“. animeanime.jp. 2016-02-04. Посетено на 2016-02-04.
  24. Rafael Antonio Pineda (December 6, 2016). „March comes in like a lion Tops Da Vinci Magazine's Rankings for 2nd Year“. Anime News Network. Посетено на December 6, 2019.
  25. Ressler, Karen (October 3, 2018). „Japanese Comic Ranking, September 24–30“. Anime News Network. Посетено на March 9, 2019.
  26. „The Behemoth of Manga "Berserk" to Receive Deluxe Editions at Dark Horse“. Dark Horse Comics. September 19, 2018. Посетено на March 9, 2019.
  27. Vincent, Brittany (May 21, 2017). „FEATURE: Interview with Dark Horse's Michael Gombos on "Berserk" and More“. Crunchyroll. Посетено на March 9, 2019.
  28. Donnelly, Joe (July 21, 2017). „You can now play as Berserk's Guts in Dark Souls“. PC Gamer.
  29. „INTERVIEW: Noora Louhimo (Battle Beast)“. Metal Divas. WordPress.com. June 10, 2013. Посетено на August 30, 2019.
  30. „INTERVIEW: Anton Kabanen – Beast In Black“. Distorted Sound. November 24, 2017. Посетено на August 30, 2019.
  31. Zorgdrager, Bradley (July 31, 2019). „Brand Of Sacrifice Slam Through "The Death Metal of Anime" In New Video“. Kerrang!. Посетено на May 22, 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]