Бенедито Руи Барбоса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бенедито Руи Барбоса е писател на бразилски новели.

Живот и дело[уреди | уреди извор]

Тој е роден во Сао Пауло во 1931 година. Тој бил новинар, се впуштил во драматуршките води со неговата драма „Ладен оган“. По оваа претстава, повикан е да направи адаптација на делото „Осветата на Јуда“ од Рочестер. Овој проект бил наречен „Сите сме ние браќа“. Веднаш потоа му бил даден термин за да прикаже своја серија, „Ангелот и багабонтот“, која постинува голем успех. Неговата најголема можност му се пружа кога му даваат слобода да пишува за теми во кои се разбира: внатрешноста на Бразил. Овие негови познавања му се претвораат во белег за сите негови серии. Веднаш по големиот успех „Емигрантите“, во 1990 ја создава новелата „Мочуриште“ за тв Мачете, која брзо се претвора во целосен успех, а Бенедито го внесува во категоријата на големи писатели. Подоцна, тој повторно создава новели за Глобо, како „Преродба“ (1993), „Кралот на сточарите“ (1996) и „Наша земја“ (1999).