Баскерфест
Изглед
Баскерфест — фестивал на улична уметност кој, почнувајќи од 2006 година, се одржува секоја година во повеќе градови во Македонија. Баскерфест се споменува како првиот меѓународен и повеќкултурен фестивал во Македонија и како најголем настан од својот вид во регионот.[1]
Програма
[уреди | уреди извор]Програмата на фестивалот трае 10 дена и се состои од атракции под отворено небо, улична уметност, музика во живо, претстави, пантомима, улични танци, креативни активности, ликовни изложби, работилници и друго. Во програмата на досегашните изданија на фестивалот учествувале уметници од Австралија, Канада, Полска, Италија, Нов Зеланд, САД, Германија, Ирска, Јапонија, Колумбија, Боливија и други земји.[1]
Награди
[уреди | уреди извор]- Superbrands 2011/12.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Баскерфест Македонија Архивирано на 2 јули 2016 г., официјално мрежно место.