Ајдуци (навивачка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ајдуци е навивачка група од Струмица која во моментов го бодри ФК Беласица. Групата е формирана во 1988 година во периодот кога се формираат и повеќето навивачки групи во Македонија. Нејзиното прво име било Блу Драгонс но во 1989 година кога се регистрира како официјален клуб го добива конечното име Ајдуци, според теркот на останатите навивачки групи во републиката. Нивната домашна трибина е сместена на север, на стадионот Младост каде што и игра ФК Беласица, а пак главните бои со кои се претставува групата се белата и сината.