Атанас Крлевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атанас Крлевски писател
Атанас Крлевски

Атанас Крлевски ( 30 јули 1956 година) македонски писател,сатиричар,афористичар. Тој е првиот македонски писател кој ја напишал првата хаику стихозбирка за деца „Смајли во снегот“. Тој објавува во многу младински и студентски весници и списанија, како и во списанија за литература, хумор и сатира во Р Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Атанас Крлевски е роден 1956 година во Ташкент, денешен Узбекистан. Во 1959 година се доселува и живее во Велес каде завршува основно образование во ООУ „Васил Главинов“ и средно образование во Гимназија „Кочо Рацин“. Школувањето го продолжува на Електротехничкиот факултет во Скопје каде се стекнува со звање инженер по електорника и телекомуникации.

Творештво[уреди | уреди извор]

Со поетско творештво се занимава од првите школски години, а со сатира од 1977 год. Во сатирата е пред се афористичар, иако во помал обем пишува и сатирични текстови, хуморески, епиграми. Негови афоризми се објавени и се објавуваат на радио и телевезиски емисии[1], во списанија и по социјалните мрежи, портали и сл.

Активен член е на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Велес.

Застапен е во повеќе антологии на македонскиот, балканскиот и европскиот афоризам и во зборници, алманаси, заеднички збирки и антологии на сатира и поезија. Преведуван на некои балкански јазици, руски и англиски. Наградуван на повеќето македонски сатирични конкурси, фестивали и манифестации и добитник на наградата 9-ноември, на општина Велес за посебен придонес во сатирата и нејзина афирмација и афирмација на градот во земјата и странство. Во 2023 год. ја добива литературната награда „Коле Неделковски“. Како поет учествува и на многу поетски манифестации, на Детски Рацинови средби и фестивали во Македонија.

Автор е на десет книги афоризми:

  • „Крлевизми“ (2009год.),:
  • „Окрлавени мисли“ (2011год.),
  • „Крлук“ (2014 год.),[2]
  • „Цветен пазар“ ( 2015год. ),
  • „Изгоревме под сенка“ ( 2017год.),
  • „Умот на крлашка“ (2018год.),
  • „Одлетани од крлетка“ (2018год.),
  • „Мисли без крлушки“ (2019год.),
  • „Крилести крлевизми“ (2019 год.)
  • „Крлевизми - избрани афоризми“ (2020 год.)
  • „На прв поглед“ ( 2018 год. ),
  • „Мигум“ ( 2023 год. )
  • хаику стихозбирка за деца „Смајли во снегот“ ( 2023 год. )

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. „Книга афоризми за жената од Атанас Крлевски“. kanal5.com.mk. Посетено на 2024-01-18.
  2. Makedonika. „Атанас Крлевски КРЛУК (афоризми)“. Македоника Литера (англиски). Посетено на 2024-01-18.