ОУ „Васил Главинов“ - Велес
Васил Главинов | |
|---|---|
Поглед на училиштето | |
| Место | |
| Општина: | Општина Велес |
| Наречено по: | Васил Главинов |
| Нас. место: | Велес |
| Адреса: | ул. „Никола Карев“, бр. 2 |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1955 |
| Директор: | Драги Коцевски |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
| Мреж. место | oouvasilglavinov.wixsite.com/oouvasilglavinov |
Основно училиште „Васил Главинов“ (официјално: Основно општинско училиште „Васил Главинов“ - Велес; скратено: ООУ „Васил Главинов“) — централно основно училиште во градот Велес, Општина Велес.[1]
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски социјалист и поборник за работнички права Васил Главинов.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Централното училиште се наоѓа во новиот дел од градот.
Историја
[уреди | уреди извор]Училиштето е деветогодишно, чија основна дејност е воспитно-образовна на ученици од I - IX одделение. Училиштето е основано од Општина Велес на 23 октомври 1955 година. Работата ја започнува со 22 паралелки од 1 до 9 одделение со 700 ученици и 30 наставници. Училиштето е верифицирано е со Решение бр.10-942/3 од 8 јуни 1994 година на Министерството за образование и физичка култура на Република Македонија.[2]
- Досегашни директори
- Мирко Мицев (1955-1956);
- Иван Синадиновски (1956-1984);
- Атанас Јанакиев (1984-1996);
- Иван Домазетов (1997-1999);
- Мерџана Челева (1999-2003);
- Асен Прличков (2003-2011);
- Лилјана Николоска (2011-2018);
- Сашко Чоков (2018-2022); и
- Драги Коцевски (2022-денес).
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Васил Главинов“ - Превалец, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Васил Главинов“ - Раштани, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
До јули 2021 година, училиштето во селото Бузалково било подрачно училиште, но станало самостојно и било именувано како ООУ „Лирија“ - Бузалково[3] и во негова надлежност останувале и подрачните училишта во селото Клуковец и селото Сливник (петгодишни) со настава на албански јазик.
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]- Училиштето е носител на највисокото општинско признание Спомен Плакета „9-ти Ноември“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-04.
- ↑ „Општинско основно училиште „Васил Главинов"“. Општина Велес. Посетено на 2024-08-08.
- ↑ Kjamilov, Andrej (2021-01-29). „ПОДРАЧНОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛО БУЗАЛКОВО СТАНУВА ПОСЕБЕН ПРАВЕН СУБЈЕКТ“. Општина Велес. Посетено на 2024-08-08.

