Прејди на содржината

Арапски поговорки

Од Википедија — слободната енциклопедија

Арапски поговорки

[уреди | уреди извор]

Ова е список на арапски народни поговорки. Овој список не е целосен и може да подлегне на додатни проширувања. Во прилог следуваат поговорките.

  • Ако еднаш ме издадеш ти си виновен, но ако и вторпат ме излажеш јас сум виновен.
  • Ако одгледаш машко дете, го изведуваш на пат само него, ако одгледаш женско, си одгледал цело семејство.
  • Ако подариш коњ, подари ја и уздата.
  • Ако пријателот ти е сладок, не мораш да го изедеш.
  • Ако сакаш да ти прости претпоставениот, и ти биди подготвен да му простиш на оној што тебе ти е потчинет.
  • Ако сакаш спокојно да живееш, не кажувај го она што го знаеш и не верувај во она што го слушаш
  • Една камила никогаш не се потсмева на грбата на другата камила.
  • Колку е лесна војната за оние што отстрана ја набљудуваат!
  • Колку си попросветен, толку повеќе должности имаш
  • Ловот на жени е мошне возбудлив. Тешкотијата почнува кога ќе се улови некоја.
  • Младоста е лудост, што само староста може да ја излекува.
  • Она што твоите непријатели не треба да го знаат, не кажувај го на твоите пријатели.
  • Раката што дава е секогаш над онаа што прима.
  • Роднините ни ги одредила судбината. Среќа е што пријателите ги одбираме сами.
  • Скржавецот е како магаре натоварено со злато, кое се храни со слама.
  • Смртта може да те заборави еден ден, но не и следниот.
  • Со златни букви е напишано: надевај се на најдоброто, а очекувај го најлошото.
  • Туѓинец на туѓинец - брат.
  • Човекот е господар само на неизговорените зборови, но не и на оние што му „излетале“.