Анџело Анели
Анџело Анели (10 ноември 1761 – 9 април 1820) бил италијански поет и либретист кој пишувал и под псевдонимите Марко Ланди и Николо Липранди . Роден е во Десенцано дел Гарда и студирал литература и поезија на богословијата во Верона. Во 1793 година се запишал на Универзитетот во Падова, и две години подоцна дипломирал за Канонско и Граѓанско право. Во младоста бил активен во политиката на Цисалпската Република, двапати бил затворен. Неговиот сонет од 1789 година за перипетиите на Италија под австриска доминација, „La calamità d'Italia“ (Несреќата на Италија), долго време погрешно му се припишувала на Уго Фосколо.[1][2]
Од 1799 до 1817 година, Анело бил еден од „куќните либретисти“ во Ла Скала. Негови познати оперски либрета се: „Италијанка во Алжир“ од Росини, „I fuorusciti di Firenze“ (Егзилот од Фиренца) од Фердинандо Паер, „La secchia rapita“ од Усиљо и „Ser Marcantonio“ од Павеси, врз која подоцна ќе се заснова Дон Пасквал од Доницети. Во 1817 година бил назначен за професор по процедура giudiziaria (судска постапка) на Универзитетот во Павија и ја напуштил својата книжевна дејност за да се посвети на адвокатската професија. Починал во Павија на 58-годишна возраст.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Capasso, Riccardo (1961). "Anello, Angelo". Dizionario Biografico degli Italiani , Vol. 3. Treccani. Online version retrieved 28 August 2014 (на италијански).
- ↑ Campostrini, Edoardo (5 November 2011). "Angelo Anelli 1760-1820" Архивирано на 3 септември 2014 г.. Il Corriere del Garda. Retrieved 29 August 2014 (на италијански).