Антиподски Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Антиподски Острови
Antipodes Islands.jpg
Поглед на Антиподските Острови од север
Географија
Местоположба860 км југоисточно од Стјуартовиот Остров
Координати49°40′0.12″S 178°46′0″E / 49.6667000° ЈГШ; 178.76667° ИГД / -49.6667000; 178.76667
АрипелагАнтиподски Острови
Поголеми островиАнтиподски Остров, Болонсов Остров
Површина22 км2
Највисоко издигнување366 m
Највисока котаГаловеј
Управување
Нов Зеланд
Демографија
Население0[1] (2006)


Антиподските Острови (англиски: Antipodes Islands) — ненаселиви вулкански острови јужно од Нов Зеланд и територијално се дел од него. Оддалечени се 860 км од Стјуартовиот Остров.

Архипелагот се состои од еден главен остров, Антиподски Остров (20 км²), Волонсовиот Остров (2 км²) северно, и разни други островчиња и карпести столбови како Приветрениот Остров, Заветрениот Остров и островот Арчвеј. Највисока точка е Галовеј 366 m, кој претставува дел од најактивниот вулкан на архипелагот[2]

Еколошки, островите му припаѓаат на екорегионот Антиподска подантарктичка островска тундра. Овие острови се прогласени за Светско наследство од УНЕСКО, заедно со останатите новозеландски Подантарктички Острови. Архипелагот е и природен резерват кадешто јавноста нема општ пристап.

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Колонија на пингвини (разни видови) во заливот Енкориџ на Антиподскиот Остров

На островите живеат разни видови птици, меѓу кои и ендемските видови антиподска бекасина, антиподски папагал-скокач и антиподски албатрос. На Антиподите живеат и половина од гривестите пингвини на светот. Флората на островите е подробно евидентирана, и тука спаѓаат некои видови растенија што се сметаат за мегабилки.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Конечно пребројуцање – редовни жители и живеалишта - Области вон територијалните единици, Попис 2006. Статистика Нов Зеланд. проверено: 26 август 2010 (англиски)
  2. "Antipodes Island". Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа.  (англиски).

Литература[уреди | уреди извор]

  • Wise's New Zealand Guide (4th ed.) (1969). Dunedin: H. Wise & Co. (N.Z.) Ltd.
  • "NGA-IWI-O-AOTEA". No. 59 (June 1967). Te Ao Hou - The Maori Magazine, pp. 43.
  • Godley, E.J. The Botany of Antipodes Island. New Zealand Journal of Botany, 1989, Vol. 27: 531-563
  • Entwisle, Peter (2005). Taka, A Vignette Life of William Tucker 1784–1817. Dunedin: Port Daniel Press. ISBN 0-473-10098-3.
  • Taylor, Rowley, (2006) Straight Through from London, the Antipodes and Bounty Islands, New Zealand. Christchurch: Heritage Expeditions New Zealand Ltd. ISBN 0-473-10650-7.