Анеџиб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Анеџиб
Аџиб, Енезиб, Миебидос
Фараонот Анеџиб, фрагмент на камена чинија
Фараон на Египет
Владеел8-10 години, околу 2930 г.п.н.е., Прва династија
ПретходникДен
НаследникСемеркет
СопружнициБетрест ?
ТаткоДен ?
Закопангроб X, Ум ел-Кааб

Анеџиб или Аџиб е име на раноегипетскиот фараон од Првата династија. Веројатно владеел околу 2910 година п.н.e.[1]

Точната должина на неговото владеење е непозната. Во Кралскиот канон од Торино се споменуваат 74 години,[2] додека во ракописите на Манетон се споменуваат 20 и 26 години владеење. Египтолозите сметаат дека овие проценки се претерани. Записот датиран од времето на 5-та династија, Каменот од Палермо, дава информации за околу 10 години владеење.[3]

Анеџиб си доделил нов владеачки атрибут „двајца господари“ кој се однесува на боговите Хорус и Сета. Овој наслов симболично се однесува на сојузот на Горен и Долен Египет.

Гробницата на Аниџиб се наоѓа во Абидос и е позната како „гробница X“. Со димензии од 16,4 на 9,0 метри, тоа е најмалата од кралските гробови во оваа област. Главната просторија е опкружена со 64 други гробови. Предмети на кои е напишано неговото име се од наоѓалиштата во Абидос и Сакара.[3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jahreszahlen nach Schneider: Lexikon der Pharaonen
  2. Turin kinglist Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски)
  3. 3,0 3,1 Wolfgang Helck: Untersuchungen zur Thinitenzeit . Seite 124.
  4. Toby A. H. Wilkinson: Early Dynastic Egypt. Routledge, London 1999, , page 78, 79 & 275.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Ден
Египетски фараон Наследник
Семерхет