Андреј Бели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Андреј Бели, 1912

Борис Николаевич Бугаев (рус. Бори́с Никола́евич Буга́ев; Москва, 26. октомври 1880 - Москва, 8. јануари 1934), познат под книжевното име Андреј Бели (рус. Андре́й Бе́лый), бил руски поет, романописец, есеист и книжевник. [1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој бил син на угледниот математичар Николај Бугаев. Борис исто така се школувал на природно-математичкиот факултет во Москва. Истовремено интензивно ја проучувал современата и класичната книжевност и филозофија. По естетичките и поетските ставови тој спаѓа во младата генерација на руските симболисти. На неговите убедувања влијание имале Кант, Ниче, Рикерт, Владимир Соловјов, а посебно поетот Рудолф Штајнер, чиј соработник и следбеник бил Бели. Со спојување на во драмските, епските и лирските елементи создал нов книжевен жанр симфонија. Напишал четири симфонии: Херојска, Драмска, Враќање и Пехар невреме. Има објавено неколку збирки на песни: Злато во азурата, Урна и Пепел. Експериментирал на планот за јазик во поемата Глосолалија. Темата на Окромвриска Револуција ја обработил во поемата Христос Воскресе.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]