Ангелина Крстева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1929
Скопје, денес Македонија Македонија
Починал 21 ноември 2013
Скопје, Македонија Македонија
Занимање етнолог

Ангелина Крстева (Скопје, 1929 - 21 ноември 2013, Скопје) била виден македонски етнолог и автор на првата книга целосно посветена на македонскиот вез.

Биографија[уреди | уреди извор]

Крстева е родена во Скопје во 1929 година. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје на групата етнологија. Има објавено над 40 стручно-научни прилози на етнолошки и фолклористички теми, а и неколку посебни публикации од доменот на потесната специјалност. Во пензија ги објавила книгите: „Техники на везење во украсувањето на македонските народни носии“, „Народната носија од Скопска Блатија“, „Ликовно-естетските карактеристики на Мариовската носија и везот во македонската носија“, а во издание на „Матица Македонска“ на повеќе од 400 страници, ја објавила и книгата „Македонски народни везови“. Во неа, на мошне аналитичен начин, ги презентирала материјалите што ги собирала на терен во изминатите 50 - 60 години, своите богати сознанија за создавањето, вредноста, значењето, местото на македонскиот вез. Крстева е и една од авторите на стручните текстови поместени во монографијата „Млади невести, стари ризи - македонски везени носии“, која во 2011 година била објавена во рамки на истоимената изложба отворена во САД, во Музејот за меѓународна фолклорна уметност - (МОИФА) во Санта Фе.[1] Во 2012 година ја добила наградата за животно дело од областа на етнологијата што ја доделува Македонското етнолошко друштво.[2] Починала во Скопје на 21 ноември 2013 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]