Анатомија на падот

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Анатомија на падот“ (француски: Anatomie d’une chute) — филм на режисерот Жистин Трије од 2023 година. Главните улоги ги играат: Сандра Хилер, Самјуел Тејис, Свон Арло, Мило Макадо-Гранер, Камиј Радерфорд. Филмот освоил пет Европски филмски награди (за најдобар филм, за главна глумица, за режија, за сценарио и за монтажа), победил на Канскиот филмски фестивал, а ги освоил и наградите „Златен глобус“ и француската награда „Цезар“. Исто така, тој бил кандидиран на наградите „Оскар“ во пет категории: монтажа, оригинално сценарио, главна глумица, режија и најдобар филм, а ја освоил наградата за најдобро сценарио.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Германската писателка Сандра, нејзиниот сопруг Самуел и нивниот син Даниел живеат повлечено во мало место во француските Алпи. Самуел е пронајден мртов во снегот пред куќата, па полицијата ја обвинува Сандра за убиство. Додека трае судењето, Даниел, како единствениот сведок, е растргнат меѓу немилиот настан и животот со мајка си во која почнува да се сомнева. Сепак, на крајот, Сандра е ослободена од обвинението и може да се врати дома кај синот.

Наводи[уреди | уреди извор]