Амам (Градско Балдовци)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Амам
Општи податоци
Видамам
Стилосманлиска архитектура
ГрадГрадско Балдовци, Општина Струмица
ЗемјаМакедонија
Почната17 век

Амамот — поранешен амам кој се наоѓал во селото Градско Балдовци, Општина Струмица.

Амамот бил изграден северозападно од селото во месноста Бел Бунар, во близина на денешното спортско игралиште и реката Тркања. Според Стојан Митев жител на оваа село амамот бил сочуван до 1950 година. Но, по овој период тој целосно бил срушен.

Денес од амамот се сочувани само контури кои се под земја а во негова непосредна близина сè уште постои изворот Бојана од кој според Митев се снабдувал со вода. Имајќи ги предвид контурите и дел од фрагментите од некогашната ѕидарија од амамот и димензиите овој објект – бања е од типот семејни амами. За амамот не се сочувани податоци од кој бил изграден но употребата на градежниот материјал хоросан малтер, доцно средновековна тула која е присутна на локацијата изграден е во 17 век кога во струмичкиот регион било доселувано турско-османско население од Анадолија во руралните населби[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – СТРУМИЦА (2014). ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ ВО СПОМЕН НА ЕМИЛИЈА ПЕТКОВСКА.