Алфонсина Страда

Од Википедија — слободната енциклопедија

Алфонсина Страда (родена 16 март 1891 и умрела 13 септември 1959 година) била италијанска велосипедистка.Била единствената жена што возелаво трите главни велосипедски трки. Таа започнала на Џиро д'Италија (позната трка која се одржува и денеска) во 1924 година кога организаторите ја помешале со маж. Весниците ја нарекувале Ѓавол во фустан.[1] Нејзината тркачка кариера вклучувала италијански рекорд кој траел дури 26 години откако го покорила.

Раниот живот[уреди | уреди извор]

Родена како Алфонсина Морини во Кастелфранко Емилија, во близина на Модена, таа бела ќерка на селско семејство. Нејзиниот татко бил дневен работник, а нејзината мајка медицинска сестра . Некои луѓе велат дека дека нејзината куќа била барака без прозорци низ која трчале кокошки.[2][3] Дополнителни извештаи зборуваат дека нејзиното семејство сметало дека нејзината страст за возење велосипед е дело на ѓаволот, дека има злобно око. Некои извештаи велат дека таа била едно од осумте деца; други дека била една од 10-те, со осум браќа; други дека имала 10 браќа. Има многу извештаи за раниот живот Алфонсина, но никој не е прифатен како точен. Така да раниот живот на Алфосина ќе остане сè уште мистерија.

1924 - Џиро д'Италија[уреди | уреди извор]

Возењето на Алфонсина на Џиро д'Италија дошол поради несогласување помеѓу организаторот, (Емилио Коломбо) и најдобрите возачи. Најдобрите возачи одбија да учествуваат. Коломбо го направи она што го направи Тур де Франс и понуди места на кој сакаше да вози. Gazzetta dello Sport вети дека ќе им ги плати сметките, хотелите и храната. Понудиле места за 90 белосипедисти и ветиле 600 кокошки, 750 кг друго месо, 4.800 банани и 720 јајца.[4]

На Страда никогаш повеќе не и беше дозволено да го вози Џиро, но таа го следешела неколку години и ја заслужила почитта на новинарите Армандо Коугне, Џардини, Коломбо, Катанео, Латуарда, Костанте Жирарденго, како и на други новинари и натпреварувачи. Таа возела изложбени трки низ Италија, Шпанија, Франција, Луксембург и пред царот Николај II од Русија во Санкт Петербург.[5] Во 1937 година во Париз го победила францускиот шампион Робин.

Во 1938 година таа го поставла женскиот светски рекорд за час, покривајќи 32,58 км во Лонгшамп, Париз, рекорд соборен во 1955 година од Тамара Новикова од Советскиот Сојуз.

Италијанскиот писател Дино Буцати напишал дека како момче се возел во парк во Милано, ја видел Алфонсина и успеал да остане со неа два круга.

Алфонсина Страда во нејзината продавница за велосипеди

Сеќавања на Алфонсина Страда[уреди | уреди извор]

Во 2010 година италијанскиот бенд Têtes de bois ја објавил песната „Alfonsina e la bici“ посветена на Алфонсина Страда.

Во видео клипот на песната[6] е италијанската астрофизичарка Маргерита Хек во главната улога како Алфонсина Страда.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Facchinetti, Paolo (2004). Gli anni ruggenti di Alfonsina Strada. Il romanzo dell'unica donna che ha corso il giro d'Italia assieme agli uomini. ISBN 978-88-88829-03-6.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Torrelli Cycles – Article about Alfonsina Strada at the 1924 Giro d'Italia Архивирано на 8 октомври 2008 г.
  2. Mimi Torchia Boothby, "Una donna su due ruote: Alfonsina Strada", Comitato Guglielmo Marconi International
  3. „Dante Alighieri Society of Washington – Profile of Alfonsina Strada, PDF“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 20 August 2008. Посетено на 18 October 2008.
  4. Procycling, 2005
  5. Overview of Paolo Facchinetti's book, Librerie.it
  6. Videoclip of the song "Alfonsina e la bici" starring Margherita Hack

Надворешни врски[уреди | уреди извор]