Прејди на содржината

Алваро Сервантес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алваро Сервантес
Роден(а)Алваро Сервантес
12 Септември, 1989
Шпанија
ЗанимањеГлумец
Активен период2005–денес

Алваро Сервантес (12 септември 1989 во Барселона) — шпански глумец. Посетувал училиште за глума уште додека ги правел првите чекори во филмските води, глумејќи во “Abuela de verano”.

Својата најзначајна улога Сервантес ја добива од страна на Силвиа Мунт, во серијата “Pretextos”. Сепак, филмот кој му носи најголема слава на Алваро е “Бесилка”, а за истата улога добива и награда за најдобар глумец во 2009 година. Доста значајни улоги има и во “88”, “Hanna”, “Три метри над небото”. Имал улоги и во телевизиски серии, како “Срцето на океанот” и “Месечина, Мистеријата на Календа”.

Филмови
Година Филм Улога
2006 Инвазијата на родителите мутанти Ихо
2007 Цртежот на Давид Макси
2009 Бесилка Давид
2009 Живеј црно Борха
2010 Три метри над небото Појо
2011 Бескорисни Ховен
2011 Хана Фелисиано
2012 Сексот на ангелите Раи
2012 88 Џоел

Телевизија

[уреди | уреди извор]
Телевизија
Година Серија Улога
2012-денес Месечина, мистеријата на Календа Жоел
2012 Срцето на океанот Алонсо