Прејди на содржината

Албатрос (песна)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Албатрос
АвторШарл Бодлер
Изворен насловL'albatros
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски
Жанрпесна
Издадена
јануари 1841

Албатрос (француски: L'albatros) — песна на декадентниот француски поет Шарл Бодлер.

Поемата, инспирирана од инцидент на патувањето на Бодлер на островот Бурбон во 1841 година, била започната во 1842 година, но не била завршена дури во 1859 година со додавање на последниот стих. За прв пат била објавена во Француската ревија во 1859 година и била отпечатена како втора песна во второто издание (1861) на Цвеќиња на злото.

Содржина[уреди | уреди извор]

Песната „Албатрос“ претставува симболична слика на величината и падот. Преку судбината на албатросот, таа прекрасна, слободна и горда птица, уловена од морнарите на кои им служи за шега и разонода, е претставена величината, но и трагедијата на поетите.[1]

Гордиот албатрос — владетелот на морињата и небесната шир, фатен и спрострен на бродската палуба, станува смешен и жален. Морнарите се изживуваат со него, го малтретираат „со своето луле клунот му го дразнат“, му се смеат и го имитираат неговото жално прпелкање.[1]

Симболичната слика за албатросот во последната строфа преминува во реална. Албатросот всушност е поетот – „принц на облаците“. Но, поетовата возвишеност и вистинска вредност не е сфатена од обичните луѓе. Со огорченост поетот ја завршува својата исповед — неговата позиција во светот каде што не го разбираат. Меѓу џганот, тој се чувствува како албатрос со огромни крилја кому не му даваат да лета.[1]

Текст[уреди | уреди извор]

Souvent, pour s’amuser, les hommes d’équipage

Prennent des albatros, vastes oiseaux des mers,

Qui suivent, indolents compagnons de voyage,

Le navire glissant sur les gouffres amers.


À peine les ont-ils déposés sur les planches,

Que ces rois de l'azur, maladroits et honteux,

Laissent piteusement leurs grandes ailes blanches

Comme des avirons traîner à côté d'eux.


Ce voyageur ailé, comme il est gauche et veule!

Lui, naguère si beau, qu'il est comique et laid!

L'un agace son bec avec un brûle-gueule,

L'autre mime, en boitant, l'infirme qui volait!


Le Poète est semblable au prince des nuées

Qui hante la tempête et se rit de l'archer;

Exilé sur le sol au milieu des huées,

Ses ailes de géant l'empêchent de marcher.


(француски јазик)

Луѓе од бродот, често, за забава ги ловат

албатросите, птици што в морска шир се сами,

и што со големи крила рамнодушно пловат

над лаѓата што се лизга над горчливи јами.


Но кога ќе се најдат врз палубните штици

тие кралеви на ширта, до пред малку сјајни,

ќе станат одеднаш смешни и несмасни птици,

а крилата бели жално ќе се влечат крај нив.


Тој крилат патник сега колку станал беден!

Тој, некогаш толку убав, колку е грд вака!

Со своето луле клунот му го дразни еден,

куцајќи, друг летачот го подражава сакат!


Како принц на облаците поетот се крева,

се подбива со стрелецот и низ луња броди,

но штом е спуштен на земја, среде џган и врева,

неговите крила на џин му пречат да оди.


(превод на македонски јазик)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Шарл Бодлер „Албатрос". Македонски јазик и литература. 2011-02-01. Посетено на 2023-08-15.