Аерофон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Флејтите се аерофони

Аерофон — група музички инструменти кои произведуваат звук пред сè со вибрирање на воздухот во нивното тело [1], без употреба на жици или мембрани. Тоа е една од четирите главни групи на инструменти во класификацијата на изворната шема на музички инструменти на Хорнбостел-Закс.

Хорнбостел-Заксовиот систем ги дели аерофоните според тоа дали воздухот кој вибрира е содржан во инструментот или не.

Првата група (41) ги вклучува инструментите каде воздухот кој вибрира не се содржи во самиот инструмент и таквите инструменти се нарекуваат слободни аерофони. Во оваа група се вклучени инструментите како што е хармониката, како и многу инструменти кои по грешка од повеќето луѓе се нарекуваат дувачки инструменти, како што се сирената и камшикот.

Втората група (42) ги вклучува инструментите каде воздухот кој вибрира се содржи во самиот инструмент и таа ги вклучува скоро сите инсгтрументи кои генерално се нарекуваат дувачки - вклучувајќи го дидгеридуто, на исток, и блех инструментите, на запад, како што се флејтата, обоата и тромбонот.

Покрај тоа, многу силни звуци можат да бидат произведени со звучна експлозија во внатрешноста на звучните шуплини. Инструментите како што е калиопата (свирче на пареа), како и пирофонот можат да се вклучат во втората група.

Наводи[уреди | уреди извор]