Аделиски пингвин

Од Википедија — слободната енциклопедија
{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Pygoscelis|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}
Аделиски пингвин

Hope Bay-2016-Trinity Peninsula–Adélie penguin (Pygoscelis adeliae) 04.jpg

Залив на Надежта, Антарктик
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр): Pygoscelis
Вид: Аделиски пингвин
Биномен назив
Pygoscelis adeliae
(Омброн & Жакино, 1841)
Распространетост на аделискиот пингвин
Местата со гнезда со црвено
Синоними[3]
  • Catarrhactes adeliæ
  • Eudyptes adeliae
  • Pygoscelis brevirostris

Аделиски пингвин[4] (латински: Pygoscelis adeliae) — вид на пингвин со средна големина. Во 1830 година францускиот истражувач Жил Димон Дирвил ги именувал според неговата сопруга Адел.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Аделиските пингвини го населуваат целиот брег на Антарктикот и околните острови. Тие припаѓаат на еден од најсеверните видови птици.

Постојат 38 познати колонии на аделиски пингвини, од кои околу 5 милиони пингвини се на подрачјето на Росовото Море. Росовиот Островот е живеалиште на околу половина милион аделиски пингвини. Тие ги населуваат Јужните Оркниски Острови, Јужните Шетландски Острови, Буве и Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови.

Физички особини[уреди | уреди извор]

Аделиските пингвини во висина растат до околу 70 см[5] и достигнуваат тежина околу 5,4 кг (мажјаци) и 4,7 кг (женки) според веб-страницата „Пингвински свет“[6], соодветно 3 до 6,5 според веб-страницата „“ [5] . Имаат карактеристични бели „прстени“ од пердуви околу очите, по кои лесно се препознаваат. Поголемиот дел од нивниот клун е покриен со пердувите што растат во неговата основа, а опашката на аделискиот пингвин е малку подолга од онаа на повеќето други видови пингвини.

Размножување[уреди | уреди извор]

Аделиските пингвини доаѓаат на местата за размножување во октомври. Мажјаците ги повикуваат женките со гргорење проследено со силен вресок.

Гнездата градат така што со стапалата копаат мали дупки во земјата, а околу нив поставуваат обли камења кои ги собираат од околината. Понекогаш, во борбата за простор каде што ќе се размножуваат, женските аделиски пингвини крадат камења од други гнезда и ги користат за да градат свои.

Кога ќе ги градат гнездата, женките несат по две кафено-зелени јајца. Потоа и двата родители наизменично ги загреваат јајцата. Додека едниот родител го загрева јајцето, другиот оди по храна и обратно. Родителот кој моментално го загрева јајцето не ја јаде донесената храна. По околу 35 дена, околу декември, јајцата пукаат и младенчињата излегуваат. Тогаш Антарктикот е најтопол, а температурата е околу -2 oС. Родителите ги чуваат младенчињата топли првите седум дена, а потоа младенчињата се приклучуваат на јасли. Во март, возрасните и нивните младенчиња заедно одат на лов во морето.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Аделиските пингвини главно се хранат со крил додека ги одгледуваат своите млади, со некои леднички лигњи и риби. Судејќи според фосилните записи од последните 38 илјади години, овие пингвини ненадејно се префрлиле од риба на крил пред околу 200 години. Ова веројатно се должи на намалувањето на бројот на антарктичките крзнени фоки почнувајќи од доцните 1700-ти и китовите во 20 век. Намалувањето на бројот на овие животни предизвикало зголемување на количините на крили, кои аделиските пингвини сега ги користат затоа што полесно се ловат од рибите[7].

Влијание на културата[уреди | уреди извор]

  • Иако официјалната маскота на Линукс, „Тукс“, официјално не претставува некој посебен вид пингвини, многумина веруваат дека најмногу наликува на аделиските пингвини.
  • Книгата „Пингвините на г. „Попер“ од 1938 година ја опишува приказната за 12 аделиски пингвини.
  • За пингвините од цртаниот филм „Мадагаскар“ се претпоставува дека ги претставуваат аделиските пингвини.
  • Во цртаниот филм Танц на малиот пингвин, главниот лик Мамбл, кој е царски пингвин, се среќава со група аделиски пингвини со кубански акцент.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Fossilworks.
  2. BirdLife International 2020.
  3. Richardson & Gray 1875, стр. 38.
  4. „Природно-математички факултет Универзитета у Загребу: Биологија: Полови арктис антарктис“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 28. 11. 2006. Посетено на 21. 10. 2009. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  5. 5,0 5,1 „-{70south.com}-, „Аделијски пингвини". Архивирано од изворникот на 30. 01. 2008. Посетено на 09. 02. 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  6. Аделијски пингвини на сајту „Свијет пингвина“ (англиски)
  7. Записи Народне академије наука Сједињених Америчких Држава, „Нагли пад вриједности δ13 и δ15 у љускама јаја аделијских пингвина Антарктика“ Архивирано на 12 ноември 2007 г. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]