Царски пингвин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ВИСИНА 110-115 см
ТЕЖИНА 35-40 кг
ЖИВЕАЛИШТЕ заледено море, карпести брегови, отворен океан
РАСПРОСТРАНЕТОСТ Јужен Океан, Антарктик

Царскиот пингвин (Aptenodytes forsteri) е најголемиот пингвин во светот и е единствениот вид што се размножува на Антарктикот во текот на зимата (на јужната полутопка). По обликот и белезите е многу сличен на кралскиот пингвин, но може да биде двојно потежок. Ретко се движи надвор од водите на Антарктикот, а се храни меѓу искршените парчиња мраз, нуркајќи и до длабочини од 530 м. Тој може да остане под вода и до 20 минути, а во потрага по храна поминува и растојанија и од 1 000 км. Царскиот пингвин се размножува во раздвоени колонии на самиот мраз. На почетокот на зимата возрасните женки несат едно јајце и му го предаваат на мажјакот. Во текот на зимската темница, додека женките се хранат на море, мажјаците се собираат еден до друг со јајцата што ги чуваат на своите нозе заштитени со наборот пердувеста кожа. Периодот на инкубација трае околу два месеца. До крајот на тој период мажјаците губат околу една половина од својата телесна тежина. Женките се враќаат откако младенчињата ќе се изведат, а тогаш мажјаците заминуваат на море.