Адамсов Остров (Нов Зеланд)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Адамсов Остров - десно од Кернлиевото Пристаниште

Адамсовиот Остров (англ. Adams Island) е остров од архипелагот Оклендски Острови. Јужниот крај на Оклендовиот Остров е проширен до 26 км каде се протега тесен канал, наречен Кернлиево Пристаниште или Адамсови Протоци, го двои од триаголниот Адамсов Остров (површ. 100 км2), кој е уште попланински, достигнувајќи височина од 705 m со планината Дик[1]. Каналот е всушност остаток од некогашен кратер на изгаснат вулкан, со тоа што Адамсовиот Остров и јужниот дел на Оклендовиот Остров го сочинуваат работ на кратерот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Координати: 50°52′59.99″S 166°04′59.99″E / 50.8833306° S; 166.0833306° E / -50.8833306; 166.0833306