Окленд (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оклендски Остров, северен крај - од островот Ендерби
Оклендски Остров, Кернлиевото Пристаниште и Адамсовиот Остров
Оклендски Остров, западна страна - поглед кон исток

Окленд (англиски: Auckland Island) — главниот остров на ненаселениот архипелаг Оклендски Острови во јужниот Тихи Океан кој му припаѓа на Нов Зеланд. Тој се смета за светско наследство на УНЕСКO[1] заедно со другите Новозеландски Подантарктички Острови и во регионот.

Островот зафаќа површина околу 510 км2, и има дожина од 42 километри. Забележлива одлика на островот се стрмните гребени и кемнливиот терен, која се издига до височина од над 600 метри. Позначајни врвови се Пештерски Врв (Кеверн Пик) (650 м), Рејнал (635 м), Дирвил (630 м), Истон (610 м) итн. „Вавилонска Кула“ (550 м).

Новозеландските Подантарктички Острови

Јужниот крај на островот е проширен до ширина од 26 км. На ова место, тесниот канал наречен Карнлиево пристаниште (на некои карти, Адамсови Протоци) го дели главниот остров од помалиот Адамсов Остров. Каналот е остаток од кратер на изгаснат вулкан, имено Адамсовиот Остров како и јужниот дел на главниот остров, кој е остаток од работ на кратерот.

Наводи[уреди | уреди извор]