Авионска несреќа кај Мостар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Авионската несреќа кај Мостар
Accident summary
дата 26 февруари 2004 во 8:00 часот[1].
вид Најверојатно од лошите временски услови
мапа Босна и Херцеговина
патници 7
екипаж 2
0
оператор Република Македонија
Tail number Z3–BAB

Владиниот авион Кингер полетува на 26.02.2004 од Скопскиот аеродром кон Мостар. Во авионот се наоѓаат: македонскиот претседател Борис Трајковски, Димка Илкова - Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска - советници во Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски, вработен во МНР, Борис Велинов, Аце Велиновски - обезбедување, Марко Марковски и Бранко Ивановски - пилоти на авионот.

BorisTrajkovski1.jpg

26 февруари[уреди | уреди извор]

06:48 - Авионот полетува од кон Мостар по маршрута на обласните контроли на летање - Скопје - Албанија - Србија и Црна Гора - Босна.

08:01 - Воздушната контрола на СФОР го губи авионот од радарската контрола на подрачјето околу Столац, 30 километри јужно од Мостар. Во тој момент контролата на летот ја извршувале француски припадници на СФОР.

08:15 - Воздушната контрола на СФОР и јавува на Федералната дирекција за цивилен сообраќај дека е изгубен радио контактот со авионот на Владата на Македонија во кој се наоѓаше и претседателот на Република Македонија Борис Трајковски.

11:00 - Претседавачот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ потврдува дека авионот на македонската делегација се урнал кај Столац во близина на Мостар.

11:30 - Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Муслиманско-хрватската федерација Неџад Вејзагиќ, соопштува дека спасувачките екипи го пронашле местото на уривањето на авионот и оти никој од патниците не преживеал.

11:40 - Претставник на босанските власти соопштува дека спасувачките екипи на Република Српска во реонот на село Битуње, општина Берковиќи ги пронашле остатоците од авионот со кој патуваше македонскиот претстедател Борис Тајковски.

13:30 - Претседавачот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ соопштува дека Државната дирекција за цивилна авијација формирала истражен тим кој ќе ги испита сите околности.

16:00 - Спасувачките екипи на СФОР и на босанските власти, што на локацијата Долно Битоње трагале по остатоците од авионот на македонскиот претседател ја прекинале потрагата на таа локација без да пронајдат ништо. Потрагата продолжила на други локации на планината Врсник на кои се претпоставувало дека паднал авионот.

16:30 - Портпаролот во Кабинетот на претседателот на Република Македонија Андреј Лепавцов изјавил дека во Кабинетот нема официјална потврда за судбината на претседателот и за членовите на делегацијата која патувала со него.

17:00 - Портпаролот на СФОР Дејл Саливен демантира дека е пронајдена локацијата на која се урнал авионот. Министрите за надворешни работи и за безбедност, Младен Иваниќ и Бариша Чолак, исто така, изјавиле дека не е пронајдено местото каде што се урнал авионот.

20:00 - Поради лошите временски услови прекината е потрагата по авионот.

27 февруари[уреди | уреди извор]

07:00 - Војници на СФОР со хеликоптери ја продолжиле потрагата по остатоците од авионот. На терен се упатила и екипа од македонското Специјално владино тело што претходната вечер допатувало во Мостар.

08:30 - Спасувачка хеликоптерска единица го лоцирала местото каде што се урнал авионот.

10:30 - Министерот за правда Иџет Мемети информира дека во 10 часот и 15 минути првиот хеликоптер на босанските власти предводен од Меџида Крес заменик - јавен обвинител, задолжена за овој случај, тргнала на терен со уште еден техничар.

10:30 - Официјални претставници на СФОР и босанската полиција го известиле Кабинетот на претседателот на Република Македонија за локацијата каде што претходниот ден се урнал авинот.

11:00 - Во реонот на Ротимља, 20 километри јужно од Мостар пронајдени се две тела и опашката на авионот.

11:30 - Босанските медиуми јавија дека авионот се урнал на котата 524 што се наоѓа во близина на селото Хусковиќи, 15 километри од Мостар.

12:00 - Телото на претседателот Борис Трајковски и уште осум други тела се пронајдени од страна на екипите на Федерацијата на Босна и Херцеговина, на СФОР и на македонските претставници.

12:30 - Македонскиот заменик - обвинител Роксана Крстевска соопштува дека се пронајдени едно јагленисано тело, едно што не е изгорено и делови од уште пет тела. Таа потврдува дека е пронајдена и црната кутија од урнатиот авион.

13:00 - Информацијата за пронаоѓањето на телата на загинатите е соопштена и на прес-конференција во Мостар на која присуствува македонскиот министер за правда Иџет Мемети и босанскиот министер за внатрешни работи.

Наводи[уреди | уреди извор]