Џош Гробан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џош Гробан

Џошуа Винслоу Гробан е американски пејач номиниран за Греми.

Животопис[уреди | уреди извор]

Џошуа Винслоу Гробан е роден на 27 февруари 1981 во Лос Анџелес. Џошуа е од еврејско, руско и полско (по таткова страна) и норвешко потекло (по мајчина страна). Студирал драма на престижниот универзитет Карнеги Мелон, но одлучил да го напушти факултетот и да се посвети на пеењето.

Кариера[уреди | уреди извор]

Деби албумот на Џош Гробан кој го носи неговото име излегува во 2001 и ја лансира неговата меѓународна кариера. Наредната 2002 година настапува на церемонијата на затворање на Зимските олимписки игри, а подоцна истата година има уште два проминентни меѓународни настапи: на концертот во Осло по повод Нобеловата награ за мир и божиќниот концерт во Ватикан.

Во наредните години следуваат два комерцијално успешни албуми, Closer (Поблизу) во 2003 и Awake (Буден) во 2006. Успешната светска кариера кулминира со Nöel (Ноел) во 2007, кој се продава во 3.500.000 примероци ширум светот.

Хуманитарна работа[уреди | уреди извор]

Џош е истакнат филантроп кој редовно настапува на концерти од хуманитарен карактер. Oсновач e на Џош Гробан фондацијата која им помага на сиромашни деца ширум светот да добијат пристап до образование и медицинска нега.