Џокер (лик)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џокер
Информации од објавувањето
ИздавачDC Comics
Прво појавувањеBatman #1 (25 април 1940)
Создаден од
Информации од приказната
Способности
  • злосторнички гениј
  • стручњак по хемија
  • користи вооружени реквизити и токсини

Џокер (од англиски: Joker — шегобиец, шут) — суперзлобник од DC Comics, главниот и најголемиот непријател на суперхеројот Бетмен.[1][2] Џокерот носи виолетово одело и се бори со предмети што се стилизирани како кловновски реквизити. Се смета за еден од најголемите ликови од стрипови и злобници, неговата популарност му овозможила да се појавува во сите видови производи од популарната култура.[3]

Во неговите појавувања во стрипови, Џокерот е претставен како злосторнички гениј. Воведен како психопат со искривена, садистичка смисла за хумор, ликот станал главно безопасен, комичен шегобиец во доцните 1950-ти како одговор на регулативата од страна на Кодексот на стриповите, пред да се врати на своите потемни корени во раните 1970-ти (иако некои од неговите покомични одлики биле задржани за многу отелотворувања на ликот). Како непријател на Бетмен, Џокерот бил дел од определувачките приказни на суперхеројот, вклучувајќи го и убиството на Џејсон Тод — вториот Робин и подредениот на Бетмен — и парализата на една од сојузниците на Бетмен, Барбара Гордон. Џокерот имал различни можни приказни за потеклото за време на неговото децениско појавување. Најчестата приказна го вклучува неговото паѓање во резервоар со хемиски отпад што му ја избелува кожата и му ја претвора косата зелена, а усните светлоцрвени; добиеното обезличување го доведува до лудило. Како антитеза на Бетмен во личноста и изгледот, Џокерот критичарите го сметаат за негов совршен противник.[4]

Животопис[уреди | уреди извор]

Неговото минато е непознато. Самиот не памети ништо за себе и раскажува различни приказни, што го прави уште потаинствен. Најпопуларната теорија е дека Џокерот бил обичен бедник што ја напуштил работата за да стане комичар и да ги смее луѓето. Но бидејќи никој не се смеел на неговите шеги, Џокерот бил несреќен. Неговата сопруга Џејни секогаш го поддржувала и очекувала дете од него. Еден кобен ден нивниот стан се запалил и таа и нивното бебе починале. Во неуспешен грабеж, Џокерот паѓа во хемикалии, Бетмен го брка и станува злобникот по кој е познат. Тој не го гледа Бетмен како човек во костум, туку како чудовиште што личи на ѓаволски лилјак. Според стриповите, тој извршил над 2.000 убиства (вклучувајќи ги и неговите насилници и други злобници), кои би му донеле долг доживотен затвор, но разбеснетиот кловн никогаш не бил осуден на затвор поради неговата душевна состојба. Во неговото прво појавување во стриповите, Џокерот бил претставен како мрачен и опасен злосторник, но во подоцнежните години, стрип-писателите го претвориле во многу побезопасен лик, речиси безвреден шегобиец. Во поновите стрипови, Џокерот повторно се враќа на своите темни корени. Како една од омилените теми на современите стрип-писатели е неговата лична омраза кон Бетмен, поради која понекогаш намерно се обидува да ги повреди блиските (го убива Џејсон Тод — вториот Робин и ја парализира Барбара Гордон, попозната како првата Бетгрл). Познато е дека го мрази Најтвинг (англ. Nightwing — првиот Робин или Дик Грејсон) затоа што никогаш не успева да го повреди како другите сојузници на Бетмен.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Joker“. DC.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-06-06. Посетено на 2023-06-05. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. Matthew K. Manning, Stephen Wiacek, Melanie Scott. The DC Comics Encyclopedia: New Edition. — 1. — DK Publishing, 2021. — С. 160. — 384 с. — ISBN 978-0744020564.
  3. „CBR - The World's Top Destination For Comic, Movie & TV news“. CBR (англиски). 2024-02-21. Посетено на 2024-02-22.
  4. Collins, Sean T. (2019-12-16). „The Complete History of the Joker“. Rolling Stone (англиски). Посетено на 2024-02-22.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]