Џоичи Ито

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џоичи Ито

Џоичи Ито (伊藤穰一 Itō Jōichi, роден 1966), познат и како Џои Ито, е активист, претприемач и инвеститор роден во Јапонија и образуван во САД. Тој е претседавач на управниот одбор на Криејтив комонс и на јапонскиот Сикс апарт (Six Apart Japan). Член е на управните одбори на Технорати, Диџитал гараж [1], WITNESS [2], Корпорацијата Пиа [3], Соушал текст (Socialtext) и ајКомонс [4]. Основач е и раководител на инвестициската фирма Неотени ко (Neoteny Co., Ltd). Во октомври 2004 година тој беше назначен како член на управниот одбор на [ИКАНН], со тригодишен мандат почнувајќи од декември 2004. Во август 2005 година стана член на управниот одбор на Фондацијата Мозила.

Ито има добиено бројни признанија за неговата улога како претприемач на полето на компании поврзани со интернет и новите технологии (PSINet Japan, Digital Garage Japan, Infoseek Japan). Тој води блог, има свој вики и канал на ИРЦ, а придонесува и во метроблогирањето за Токио. Во почетокот на кариерата Ито водел ноќен клуб во Јапонија, при што носел музика од жанровите индастријал и рејв од САД.

Ито е роден во Кјото, Јапонија и со семејството се преселил во [Мичигeн], САД на четиригодишна возраст. Кога имал 14 години се вратил во Јапонија кога мајка му станала претседател на јапонскиот оддел на фирмата Енерџи конвержн дивајсиз (Energy Conversion Devices, Inc).

Ито се вратил во САД за да студира информатика на Универзитетот Туфтс во близина на Бостон, Масачусетс. Таму, меѓу другите, го има запознаено Пјер Омидјар, кој подоцна го има основано иБеј (eBay). Поради ригидноста на наставниот план и личниот став дека „учење информатика во училиште е глупаво“ Ито го напуштил Туфтс и подоцна се запишал на студии по физика на Универзитетот во Чикаго. Повторно ги напуштил студиите поради тоа што утврдил, според негово мислење, дека наставната програма е повеќе насочена кон создавање практични инжинери, наместо изучување на физиката со цел разбирање на науката. Останал во Чикаго уште една година потоа работејќи како диск-џокеј во ноќни клубови.

Ито моментално е на постдипломски студии на Универзитетот Хитотсубаши [5] и научен соработник на Центарот Аненберг [6] при Универзитетот на Јужна Калифорнија.

Ито е јавен застапник на демократското учество кое се заснова на блогирање и економијата заснована на споделување. Живее во префектурата Чиба во Јапонија со партнерот Мизука и е веган.

Надворешни врски[уреди]