Џеладин Ѓура
Џеладин Ѓура (алб.: Xheladin Gjura; Шипковица, тетовско, ?) е учител и поранешен министер за култура на Албанија (1980).
Животопис
[уреди | уреди извор]Ѓура е роден во тетовското село Шипковица. По Ослободувањето бил учител и началник за култура и просвета во Тетово. Потоа во 1948 година емигрирал во Албанија, каде што минал специјална обука на Сигурими, во логор во околината на Тирана. Подоцна, со група од 18 диверзанти бил уфрлен во Македонија и се сместиле во бачилата над селото Шипковица, штитени и хранети од месните јатаци од селото. Откриени од УДБ, по престрелката во 1952 еден од нив загинал, а другите диверзанти успеале да се спасат. Истата година уште еднаш престојувал во Македонија. Подоцна пролетта 1979 година, со лажен пасош, пак дошол во Југославија, но во Загреб, каде што се сретнал за политички договор со тогашниот претседател на Извршниот совет на Собранието на Тетово Менаф Незири, родум од с. Речица (Тетовско) и со други сомисленици од Кумановско, од Тетовско и од Косово[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска енциклопедија. I (прво. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 507. ISBN 978-608-203-024-1.