Љупчо Силјановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Љупчо Силјановски (Глоѓи, Тетовско, 29 јули 1949) е македонски поет, раскажувач и драмски писател[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Силјановски е роден е на 29 јули 1949 година во село Глоѓи , тетовско. Завршил Педагошка академија во Скопје. Работел како новинар-уредник во Списанието за хумор и сатира „Остен“. Моментално работи во телевизија „Телма“. Член на ДПМ од 1978 година. Добитник е на наградите: „Младост“, „Студентски збор“, „Златно перо“ и „Златна корија“ (за докуметарен филм).

Библиографија[уреди | уреди извор]

Автор е на книгите:

  • Внатрешни огледала (поезија, 1974),
  • Јагула (поезија, 1978),
  • Ангелот од Питсбург (раскази, 1979),
  • Змиски обед (поезија, 1980),
  • Кукавичко јајце (драма, 1983),
  • Стихихијада (поезија за деца, 1984),
  • Срцката на Кате Карате (хумористичен дневник за деца, 1986),
  • Птеродактил (роман, 1986),
  • Црно на бело (афоризми, 1988),
  • Некрополис (роман, 1990),
  • Продавач на месечини (раскази, 1991),
  • Церебрална спална (поезија, 1993).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Љупчо Силјановски“ (на македонски). ДПМ. http://dpmk.org/s.htm. конс. 29 март 2010 г.