Љубица Шутуркова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубица Шутуркова
Родена Љубица Данчова
4 декември 1959(1959-12-04)(64 г.)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Занимање фармацевт, универзитетска професорка

Љубица Шутуркова (моминско: Данчова; 4 декември 1959 во Скопје) — македонски фармацевт и универзитетска професорка на Фармацевтскиот факултет во Скопје, раководителка на Институтот по фармацевтска хемија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Била декан на Фармацевтскиот факултет во Скопје од 1998 до 2004 година. Од 2004 година е проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Претседател на Фармацевтската комора на Македонија (1999-2000 година). Има објавено над 60 научни и стручни трудови и над 30 соопштенија на симпозиуми и конгреси во и надвор од земјата. Автор е на едно поглавје во „Фармакотерапискиот прирачник“. Била раководител и учесник на неколку научни-истражувачки и стручни проекти. Посебен придонес има за унапредувањето на фармацевтската едукација во земјава.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шутуркова“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1671. Text "series " ignored (help)