Прејди на содржината

Јужно свињоопашесто макаки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јужно свињоопашесто макаки
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Семејство: Старосветски мајмуни
Род: Макаки
Вид: Јужно свињоопашесто макаки
Научен назив
Macaca nemestrina
(Linnaeus, 1766)
Распространетост на
јужното свињоопашесто макаки
Синоними
  • Macaca broca Miller, 1906
  • Macaca carpolegus (Raffles, 1821)
  • Macaca fusca (Shaw, 1800)
  • Macaca libidinosus I. Geoffroy, 1826
  • Macaca longicruris (Link, 1795)
  • Macaca maimon (de Blainville, 1839)
  • Macaca nucifera Sody, 1936
  • Macaca platypygos (Schreber, 1774)

Јужно свињоопашесто макаки (науч. Macaca nemestrina) — вид примати од семејството на старосветските мајмуни (Cercopithecidae). Во Македонија, примероци од ова животно можат да се видат во Зоолошката градина во Скопје.[2]

Овој мајмун достигнува тежина од 5 до 15 кг. По боја се светлокафеави; грбот е потемен, а долните делови од телото се посветли. Имаат кратки опашки, кои ги држат полудигнати слично како свињите, што е причината за нивното именување.

Поведение и екологија

[уреди | уреди извор]

Иако се претежно наземни, овие мајмуни се вешти и по дрвата. За разлика од највеќето примати, обожаваат вода. Живеат во големи групи, денски поделени на помали состави кога трагаат по храна. Во исхраната се сештојади, хранејќи се претежно со овошје, семки, бобинки, житарки, габи и безрбетници.

Меѓу мажјаците владее хиерархија заснована на сила, а меѓу женките — според наследноста. Така, ќерката на доминантната женка веднаш станува поважна од сите други женки во групата. Доминантната женка ја предводи групата, додека мажјаците имаат задача да се справуваат со судири во групата и да ја бранат од надворешни опасности.

Пловата зрелост ја достигнуваат на возраст од 3 до 5 години. Бременоста трае околу 6 месеци. Женката раѓа по едно младенче на секои две години. Доењето престанува на возраст од 4 до 5 месеци.

Живеалиште и распространетост

[уреди | уреди извор]

Ова макаки живее претежно во дождовни шуми на надморска височина до 2.000 метри, но знае да шета и по плантажи и градини.[3]

Се среќава на јужната половина на Малајскиот Полуостров (и преминува во најјужниот дел на Тајланд), како и на островите Борнео, Суматра и Банка.[4]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Macaca nemestrina. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 4 January 2009.
  2. „Јужно свињоопашесто макаки на порталот на Скопската зоолошка градина“. Архивирано од изворникот на 2015-05-04. Посетено на 27 април 2015.
  3. Payne, J., and C. M. Francis. 1998. A Field Guide to the Mammals of Borneo. The Sabah Society, Kota Kinabalu, Sabah. ISBN 967-99947-1-6
  4. Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M (уред.) (уред.). Mammal Species of the World (III. изд.). Baltimore: Johns Hopkins University Press. стр. 163. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Maestripieri D, 1999. Changes in Social Behavior and Their Hormonal Correlates during Pregnancy in Pig-tailed Macaques. International Journal of Primatology 20 : 707-718.
  • Rodman PS, 1991. Structural differentiation of microhabitats of sympatricmacaca fascicularis andM. nemestrina in East Kalimantan, Indonesia. International Journal of Primatology 12 : 357-375.
  • Oi T, 1990. Patterns of dominance and affiliation in wild pig-tailed macaques (Macaca nemestrina nemestrina) in West Sumatra. International Journal of Primatology 11 : 339-356.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]