Прејди на содржината

Јован Шуков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јован Шуков
Роден 21 март 1940(1940-03-21)(84 г.)
Љумница, Егејска Македонија, денес  Грција
Занимање универзитетски професор

Јован Шуков (21 март 1940 во Љумница, Егејска Македонија) — македонски универзитетски професор.[1]

Бил гимнастичар, тренер и оштествено-спортски работник.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Завршил Висока школа за физичко воспитание во Белград во 1964 година. Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1976 година на темата „Деформитет на ’рбетот како последица од дејството на надворешни услови во возраста од 8 до 12 години“. Докторирал на Факултетот за физичка култура во Скопје во 1986 година на темата „Превенција и корекција на лошото држење и телесните деформитети на ’рбетот со помош на адекватни комплексни вежби кај учениците од основните училишта“.

Работел како професор и директор на училиште во периодот 1964-1981. На Факултетот за физичка култура во Скопје бил избран за виш предавач во 1981 година и за редовен професор на предметот кинезитерапија во 1990 година. Во еден мандат бил декан на истиот факултет во периодот 1991-1993.

Објавил повеќе стручни и научни трудови.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шукри“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1665. Text "series " ignored (help)