Јован Пејковски
Изглед
Јован Пејковски (Бразда, 25 јануари 1969 ) — македонски политичар и поранешен градоначалник на Општина Чучер-Сандево.
Животопис
[уреди | уреди извор]Пејковски е роден на 25 јануари 1969 година во село Бразда. Основното образование стекнал во ОУ „Александар Урдаревски“ во село Мирковци, додека средното образование го стекнал во АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје. Оженет е и татко на три деца.
Во 2009 година, на локалните избори, тој бил избран за градоначалник на Општина Чучер-Сандево како независен кандидат поддржан од група избирачи. Втор мандат добил во 2013, а трет во 2017 година.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Биографија на градоначалникот“. Општина Чучер-Сандево. Архивирано од изворникот на 2020-08-07. Посетено на 4 април 2021.