Прејди на содржината

Јатаган

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јатаган
Два османлиски јатагана од 19 век
ТипМеч / сабја
ПотеклоЈатаган, Турција
Употребна историја
Во служба16 - 19 век
КориснициОсманлиско Царство
ВојниОсманлиски војни
Тех. особености
Тежина~0,85 кг
Должина~0,75 m
Цевка length~0,60 m

Тип на острицаСо едно сечиво, свиен нанапред

Јатаган (турски: yatağan) — вид долг, тенок, малку закривен ориентален меч, карактеристичен за османлиската војска.[1] Во Османлиското Царство бил користен од средината на 16 век до крајот на 19 век. Името го добил по градот Јатаган во југозападна Турција каде почнало производството на овие мечеви.

Јатаганот е еднорачен меч налик на сабја со една острица. Должината на острицата е од 60 до 80 сантиметри. Сечивото е свиено нанапред, како кај грчкиот копис или ибериската фалката и понекогаш потсетува на латиничната буква „Ѕ“. Обликот му бил таков за кога се прободи противникот да му се расцепат сите витални органи во телото. Бил изработуван со ламинација на два вида челик. Меѓу два листа помек и еластичен, бил вметнуван лист од потврд, кален челик. Овие три листа со ковање се спојувале во едно сечиво кое истовремено имало и голема тврдост и голема еластичност, што било предност во однос на многу мечеви кои се користеле во тоа време.

Јаничарите и другите пешаци во турската војска користеле пократки јатагани за да не им сметаат при долгите маршеви. Заради добрите особини во бодењето, јатаганот послужил како модел за бајонет на многу европски војски во средината на XIX век.

Поврзано

[уреди | уреди извор]