Прејди на содржината

Јас, јас, јас... па другите

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Јас, јас, јас... па другите“ (италијански: Io, io, io.... e gli altri) — филм на режисерот Алесандро Блазети (Alessandro Blasetti) од 1966 година. Блазети е автор и на сценариото, заедно со Карло Романо (Carlo Romano) и Агеноре Инкрочи (Agenore Incrocci). Главните улоги ги играат: Џина Лолобриџида (Gina Lollobrigida), Силвана Мањано (Silvana Mangano), Валтер Кјари (Walter Chiari), Марчело Мастројани (Marcello Mastroianni), Нино Манфреди (Nino Manfredi), Виторио де Сика (Vittorio De Sica) итн.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Сандро (го игра Кјари) е познат новинар кој спроведува истражување на човечката себичност. Секој маж и жена што ги запознава стануваат тема на неговото истражување, па дури и неговата сопруга Тита (ја игра Лолобриџида). Меѓутоа, постепено, тој се поистоветува со луѓето што ги запознава...