Јагуаровиот скок

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Јагуаровиот скок“ (српски: Јагуаров скок) – југословенски филм од 1984 година, во режија на Александар Ѓорѓевиќ. Главните улоги ги толкуваат: Љубиша Самарџиќ, Младен Недељковиќ, Миодраг Крстовиќ, Воја Брајовиќ, Вера Чукиќ.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Еден човек е поранешен фотограф, новинар, возач и тренер на хокеарски тим, но истовремено човек без среќа во работата и во бракот. Тој е разведен од сопругата, Американка, која е наркоманка. По враќањето од Индија, таа со пријателите минува низ Белград, го граба детето и го носи со себе во Њујорк. Таткото почнува своја потрага и најпосле, кога веќе ја губи надежта, сепак успева да го најде детето.

Наводи[уреди | уреди извор]