Ѕидната окатка (Lasiommata megera) е пеперутка од семејството на шаренците.[1] Пеперугата може да се најде во цела Евроазија, вклучително и Македонија.
Големината на пеперугата е од 36 до 50мм. Горната страна на пеперугата е портокалова, со изразени црни вени и дебели напречни ленти. Рабовите на крилјата се белкасти, со црна бордура. Во предниот дел има едно окце со бела зеница, а во задниот има три со различна големина. Телото е црно, а антените црно-бели. Долната страна е кафена, со различни нијанси на кафена и сива, со темни брановидни вени и бордури. Наликува на сув лист. Има и 6 или 7 окца.[2] Пеперугата живее во чисти грмушести предели на надморска висина до 3000 метри.
↑Seitz. A. in Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.