Прејди на содржината

Ѓоре Најдоски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓоре Најдоски (16 октомври 1919 во Стровија, Прилепско2 ноември 1944 во Судик, Штипско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

По занимање бил земјоделец. Како активен помагач на Народноослободителната борба, бил откриен и фатен од полицијата, а потоа осуден на 15 години робија. Од затвор успеал да избега и да се приклучи кон ослободителната војска на Македонија, на 9 септември 1944 година. Учествувал во борбите што ги водела Четиринаесеттата македонска ударна бригада.[1]

  1. 1,0 1,1 Б. Најдоски, м-р Јован (1984). Институт за тутун - Прилеп - 60 годишен јубилеј. Прилеп: Институт за тутун - Прилеп. стр. 15.