Ѓоре Ѓелев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓоре Ѓелев (роден 25 октомври 1983 година во Велес) - македонски писател. Пишува поезија, раскази и сценарија за стрипови. По професија е инженер по системски софтвер.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ѓоре Ѓелев[1] е роден 25 октомври 1983 година во Велес. Основно образование завршува во ООУ „Трајко Андреев“ во Велес, а потоа се запишува во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ во Велес. По завршување на средното образование студира на Природно-математичкиот факултет во Скопје на Институтот по Информатика. Дипломирал во 2007 и се здобил со звање „Инженер по системски софтвер“. Моментално живее и работи во Скопје. Работи во индустријата за развој на софтвер. Активен член е на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Велес. Наградуван е на неколку литературни конкурси за песни и раскази, како и на натпревари по кинеска калиграфија.

Ѓоре Ѓелев
Роден/а25 октомври 1983
Велес, Македонија
Јазикмакедонски,англиски
НационалностМакедонец
ОбразованиеПриродно-математичкиот факултет во Скопје на Институтот по Информатика-Инженер по системски софтвер

Негови песни и раскази се дел од повеќе заеднички збирки и списанија. Учествувал на бројни поетски и литературни настани низ Македонија, меѓу кои:

  • „Рацинови средби“[2] - Велес
  • „Велешка поетска вечер“ [3]– Велес

Учествувал на повеќе групни стрип изложби во Македонија и надвор од неа.

  • „Интернацинален стрип фестивал“[2] - Велес, Македонија

Творештво[уреди | уреди извор]

Автор е на следните стихозбиркиː

  • „Лиричност од Шекспирова“ [4](2020)
  • „Тежината на вториот чекор“[5] (2022)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. „Ѓоре Ѓелев“. gjoregjelev.art. Посетено на 2024-01-21.
  2. „СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА РАЦИНОВИ СРЕДБИ“. Општина Велес. Посетено на 2024-01-21.
  3. Dimche (2023-09-15). „По четиринаесети пат, „Велешка поетска вечер". BATALI.net. Посетено на 2024-01-21.
  4. Makedonika. „Лиричност од Шекспирова“. Македоника Литера (англиски). Посетено на 2024-01-21.
  5. Умно.мк, од (2023-03-17). „Поетска книга „Тежината на вториот чекор" на Ѓоре Ѓелев - УМНО.МК“. Посетено на 2024-01-21.