Shut Up and Drive
| „Shut Up and Drive“ | |||||
|---|---|---|---|---|---|
| Сингл од Ријана | |||||
| од албумот Good Girl Gone Bad | |||||
| Издаден | 12 јуни 2007 (САД) 24 август 2007 (Европа) 27 Август, 2007 (ВБ) |
||||
| Формат | Макси сингл, дигитален даунлоад | ||||
| Снимен | 2006 | ||||
| Жанр | Поп рок | ||||
| Должина | 3:33 | ||||
| Издавачка куќа | Def Jam Recordings | ||||
| Композитор | Карл Стуркен, Ивен Роџерс, Морис, Хук Самнер, Гилберт | ||||
| Продуцент | Карл Стуркен & Ивен Роџерс | ||||
| Хронологија на синглови на Ријана | |||||
|
|||||
Shut Up and Drive е песна напишана од страна на Карл Стуркен и Ивен Роџерс за третиот албум на поп ѕвездата Ријана насловен како Good Girl Gone Bad. Песната е реализирана како втор сингл од албумот во јуни 2007.[1] Иако песната се покажа како вистински хит не успеа да го покаже успехот на нејзиниот претходник „Umbrella“.
Забележан успех [уреди]
Песната за прв пат се појавува на американскиот Billboard Hot 100на осумдесет и осмото место, а за неколку недели се искачува и на петнаесетото место, но не успева да го стигне успехот на нејзинииот претходник.[2] Истотака се искачува на десетото место на aмериканскиот Billboard Pop 100.
Кога станува збор за успехот на песната во Европа, завидлив успех песната постигнува во Швајцарија и Шведска, завршувајќи на четрнаесетото, но и на тринаесетото место истотака. Голем успех имаше и во земји како Финска, Грција, Холандија, Ирска каде што е избрана во Top 5. Во земји како што се Белгија и Норвешка песната завршува во Top 20 меѓу сингловите. Во Велика Британија „Shut Up and Drive“ завршува на 5 место со што станува 5- ти сингл на Ријана кој успева да заврши меѓу Топ 10 синглови. Песната исто така завршува и во Top 10 во Канада завршувајќи на 6- тото место во Канадскиот ХОТ 100.
Во Австралија „Shut Up and Drive“ за прв пат се искачува на 4то место и станува вториот сингл од албумот којшто завршува во Top 5 синглови таму.
Истотака песната добро котира и низ радиските гласања во Македонија. Често пати се наоѓаше во Top 5.
Наводи [уреди]
- ↑ MTV.
- ↑ name=Reigns>Jonathan Cohen, "Rihanna's 'Umbrella' Reigns Again Atop Hot 100", Billboard.com, 14 јуни, 2007.
|
|||||||||||||||||||||||||||||