Unfaithful

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Unfaithful“
Unfaithful.jpg
Сингл од Ријана
од албумот A Girl Like Me
Издаден 17 јули 2006 (ВБ)
20 јули 2006 (АВС)
Формат ЦД сингл, дигитален даунлоад, 12" макси сингл
Снимен Battery Studios,Њу Јорк
Жанр Поп, Р&Б
Должина 3:47
Издавачка куќа Def Jam
Композитор Не-Јо, Хермансен, Ериксен
Продуцент Stargate
Хронологија на синглови на Ријана
SOS
(2006)
Unfaithful
(2006)
We Ride
(2006)

Unfaithful“ е поп балада напишана од страна на Не-Јо, Хермансен и Ериксен за поп пејачката Ријана и е вклучена во нејзиниот втор албум „A Girl Like Me“. Песната е продуцирана од страна на Stargate и е реализирана како втор сингл од албумот во средината на 2006. Песната постигна голем успех и го зазеде првото место во голем број на земји.

Информации за песната[уреди]

Додека Ријана ја имаше соработката со Шон Пол таа истотака соработува и со главниот пејач и композитор Не-Јо[1]. Не-Јо заедно со Норвешкото дуо Stargate ја има напишано „Unfaithful“ како дел од вториот албум на Ријана насловен како „A Girl Like Me“, којшто таа го нарече персонален албум, во кој преку песните се опишува нејзиниот живот[1]. Продуцентите на песната се Stargate. За разлика од повеќето претходни песни на Ријана, вклучувајќи ги и оние од нејзиниот прв албум „Music of the Sun“ се во диско стил, повеќето денс и Р&Б, „Unfaithful“ е поинаква во споредба со нејзините претходници. Во интервју Ријана за песната изјавила: „Песната е балада, а тоа е нешто ново за мене, но јас сум возбудена“.[1]

Објаснување на текстот[уреди]

Пијано баладата се однесува за жена која што е во врска со маж, меѓутоа има афера и со друг. Што се објаснува низ текстот: „I'm taking this guy's life by hurting him, cheating on him.He knows, and it makes him feel so bad. It's killing him to know that another guy is making me happy…we always put it out there that guys cheat“.[2]Ријана на 26 август 2006 изјави дека „Unfaithful“ е песна „родена“ од врска која што се случила кога таа имала само четиринаесет години. Таа била кратка во нејзината изјава и само кажала дека врската на била физичка.[3] Кога станува збор за радио верзијата зборот „gun“ (на македонски: пиштол) е избришан од текстот.

Музичко видео[уреди]

На почетокот Ријана е вo својата гардероба, поправајќи си го фустанот и става шминка пред да ги облече чевлите. Наредниот кадар ги покажува Ријана и нејзиното момче додека се во ресторан и вечераат. Тие зборуваат за кратко, а потоа момчето оди во тоалет. Во меѓувреме, повеќе клипови се вртат низ нејзината глава во позадина. Потоа доаѓа келнерот давајќи и на Ријана писмо од нејзиниот љубовник. Набрзина се обидува да го прочита, но во тој момент доаѓа нејзиното момче. Кратки кадри од неа и нејзинито момче се прикажуваат. Ријана ја напушта гардеробата, и излегува на сцена каде што има пијано на коешто свири еден маж (нејзиниот љубовник). Ријана излегува на сцената и почнува да пее заедно со нејзиниот љубовник и да танцува околу пијаното. Додека нејзиното момче спие, таа му праќа СМС порака на нејзиниот љубовник. Повеќе нивни клипови како слајд се прикажани додека не ја видиме заедно во колата со нејзиниот љубовник. Потоа има ропмантична сцена во која Ријана е во кревет со нејзиниот љубовник. Во меѓувреме се прикажуваат секвенци каде што Ријана е со нејзиното момче и одеднаш музиката престанува и набрзина се вртат различни кадри. На крајот Ријана ја напушта сцената и оди надвор. Нејзиното момче ја чека, се прегрнуваат и Ријана почнува да плаче. Режисер на видеото е Ентони Медлер, а Велс и Мигел се продуценти. [4]

Список на песни[уреди]

  • ЦД сингл (ВБ)
  1. „Unfaithful“ (Eriksen, M./Hermansen, T./Smith, S.) — 3:48
  2. "„SOS“ (Moto Blanco Remix)" (Bogart, E. Kidd/Cobb, E./Rotem, J.) — 5:14
  • ЦД сингл втор дел
  1. „Unfaithful“ (Eriksen, M./Hermansen, T./Smith, S.) — 3:48
  2. „Unfaithful (Tony Moran Radio Edit)“ (Eriksen, M./Hermansen, T./Smith, S.) — 3:10
  3. „Unfaithful“ (инструментална верзија) (Eriksen, M./Hermansen, T./Smith, S.)
  • Extras:
„Unfaithful“ (видео) — 4:34
  1. „Unfaithful“ (Eriksen, M./Hermansen, T./Smith, S.) — 3:48
  2. „Unfaithful (Tony Moran Radio Edit)“ (Eriksen, M./Hermansen, T./Smith, S.) — 3:10
  • ВБ 12" плоча сингл

Страна A

  1. Радио обработка
  2. Инструментална верзија

Страна B

  1. Ремикс

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Kaufman, Gil. „Rihanna Hooking Up With Ne-Yo When She's Done Crying 'S.O.S.'“, „MTV News“, MTV Networks and TM MTV Networks, (5 април, 2006) (конс. 31 декември 2007).
  2. Tecson, Brandee J.. „Rihanna Getting In Touch With Her Rock Side For Next LP“, „MTV News“, MTV Networks and TM MTV Networks, (22 февруари, 2006) (конс. 31 декември 2007).
  3. CROWDS GREET RIHANNA, LEGEND“, Newsday, 26 август 2006.
  4. http://www.youtube.com/watch?v=v_4-zRVFLnY&feature=fvst