Grand Theft Auto V

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Grand Theft Auto V
Изработувач(и) Rockstar North
Издавач(и) Rockstar Games
Дистрибутер Take-Two Interactive
Дизајнер Leslie Benzies
Imran Sarwar
Серијал Grand Theft Auto
Погон RAGE, with Euphoria and Bullet Physics
Подлоги PlayStation 3
Xbox 360
Датум на издавање 17 September 2013
Жанр(ови) Action-adventure
Режим(и) Single-player, online multiplayer
Медиум Blu-ray Disc (PlayStation 3)
DVD-DL (Xbox 360)
Digital download

Grand Theft Auto V (се чита: гранд дефт ауто фајв) е петнаесеттата компјутерска игра на Grand Theft Auto серијалот од Rockstar Games. Играта е програмирана од Rockstar North, a се појавила на 17 септември 2013 за Playstation 3 и Xbox 360. Grand Theft Auto V исто како и неговиот предходник во серијалот, Grand Theft Auto IV, го користи играчкиот погон – RAGE (Rockstar Advanced Game Engine). Вкупно биле потрошени меѓу 200 и 265 милиони евра за продукција и маркетинг на играта, со што Grand Theft Auto V e најскапата игра досега направена. За само 24 часа откако била пуштена во продажба, играта придонела заработка од над 800 милиони долари, а за само три дена оваа цифра се зголемила за уште 200 милиони долари.

Објавување на играта[уреди]

На 25 октомври 2011 на Твитер, од Rockstar Games била објавена врска која водела кон интернет страницата каде што бил најавен првиот трејлер. На 2 ноември 2011 бил објавен првиот трејлер со што станало јасно дека дејството на играта ќе се одвива во Лос Сантос – фиктивен град базиран на Лос Ангелес. На 31 јануари 2012 бил објавен датумот на издавање. На 17 септември 2013 мултиплеер модот бил одложен за 1 октомври, најверојатно поради технички проблеми. Датумот за издавање на ЛС верзија сеуште не е објавен. Според неофицијални извори, во првата половина на 2014 година ќе биде издадена ЛС верзијата на играва.

Игра[уреди]

Grand Theft Auto V е акционо-авантуристичка игра во која играчот игра во отворен свет. Играчот може да ги нападне неговите противници со неговите раце и нозе, ладно оружје, огнено оружје и експлозив. Освен тоа играчот може да трча, скока, плива, да влегува и излегува од возила кои може да ги управува. За време на играњето, играчот може да извршува мисии за да го прогресира дејството. Доколку играчот извршува незаконски дејствија, најчесто полицијата реагира на тоа при што се добива степен на бараност (анг. wanted level). Исто така играчот, за разлика од предходните игри од серијалот, може поинтерактивно да дејстува со околината. Случајни минувачи може да побарат помош, да бидат ограбени или пак тие да го ограбат играчот. Службите за итни случаи може да се најдат во интеракција со случајни минувачи, полицијата може да се најде во бркотница со автомобили, кои најчесто завршуваат во престрелка помеѓу полицијата и оние коишто се обидуваат да ѝ се искраднат. Доколку возите полуксузно возило и го паркирате настрана случајни минувачи ќе го извадат нивниот мобилен телефон и ќе направат слика од вас и возилото. За разлика од сите други игри во Grand Theft Auto серијалот, во GTA V има три протагонисти: Мајкл де Санта, Тревор Филипс и Френклин Клинтон. За време на играњето играчот може во секој момент да го промени протагонистот со кој игра.

Grand Theft Auto Online[уреди]

На 1 октомври 2013 се појави мултиплеер модот за GTA V. Во овој мод можат најмногу 16 играчи истовремено да играат на еден сервер. Покрај одложувањето, овој мод имаше технички проблеми при што многу играчи не можеа да се конектираат кон серверите. Како компензација, Rockstar Games на секој играч му додели 500 илјади долари во играта.

Заговор[уреди]

Девет години години по неуспешниот грабеж во Лудендорф, Северен Јанктон – фиктивно место кое се базира на периферијата на Фарго, Северна Дакота – Мајкл Таунлеј живее во Лос Сантос со неговото семејство, но сега под псевдонимот Мајкл де Санта. Френклин Клинтон, кој работи во едно автомобилско застапништво заедно со неговиот најдобар пријател Ламар Давис, од неговиот шеф добил наредба,поради нередовно плаќање сметки, да го врати автомобилот што Џемјс де Санта го купил предходно. Мајкл кога ќе сфати дека син му купил автомобил без негова дозвола, знаејќи дека ќе биде одземен, се скрил во автомобилот. На пат кон автомобилското застапништво, Мајкл му се спротиставува на Френклин и го принудува со возилото да влезе во зградата, возејќи низ стаклото. Таму Мајкл доаѓа во конфротација со Симон, шефот на Френклин, физички го напаѓа велејќи му дека е измамник и дека бара премногу пари за возилото. Поради ова Френклин ќе биде отпуштен, но се спријателува со Мајкл. Неколку дена подоцна, Мајкл ќе сфати дека неговата сопруга има релација со нивниот тениски тренер. Заедно со Френклин го бркаат тренерот и ја разурнуваат куќата во која се крие, уништувајќи го единствениот столб врз кој се потпира. Но куќата не била на тренерот, тој се криел само во неа, таа припаѓала на Мартин Мадразо, голем човек во мексиканската мафија. Мадразо му побара 2.5 милиони долари како надомест за штетата што Мајкл ја направил, а единствен начин за да ги врати тие пари е да го одложи неговото пензионирање. Стапува во контакт со Лестер Крест, негов поранешен соработник и пријател. Се согласуваат да ја ограбат најпознатата и најскапата златарница во Лос Сантос. Излегувајќи од продавницата Мајкл му се заканува на еден обезбедувач велејќи му: „секојдневно забораваш илјадници нешта, нека биде и ова едно од нив“. Во репортажа од Weasel News – фиктивна новинарска агенција, радио и телевизиски канал во играта базирана на Fox News – очевидците на грабежот опишуваат што виделе, а меѓу нив бил и обезбедувачот кој ги цитирал зборовите на Мајкл. Тревор Филипс, гледајќи ја оваа репортажа на телевизија се потсети на моментот кога Мајкл Таунлеј ги кажа овие зборови во Лудендорф, за време на неуспешниот грабеж. Во Тревор се будат убави чуства потсетувајќи се на неговото пријателство со Мајкл, но и чуства на омраза бидејќи се до тој момент мислел дека Мајкл бил убиен од полицијата во Лудендорф, а Мајкл всушност бил жив и живеел во Лос Сантос. На еден негов пријател за задача му дава да го бара Мајкл Таунлеј во Лос Сантос, но единствената личност со такво име е осумдесет и осум годишник. Има уште една личност во Лос Сантос во четириесетите години, Мајкл де Санта, чии податоци се совпаѓале со тие на Мајкл Таунлеј – пријателот на Тревор. Повторното појавување на Тревор во животот на Мајкл со себе носи големи последици. Мајкл почнува да се однесува несовесно и каприциозно. Ваквото однесување го предизвикува неговото семејство да се одалечи од него. Но и животите на Тревор и Френклин исто така почнуваат да излегуваат надвор од контрола. Френклин е вознемирен од начинот на кој Ламар паѓа под влијание на Харолд Јосеф, поранешен негов ривал. Тревор во обид да ја консолидира продажбата на метамфетамин, предизвикува војна во подземјето со латино – американски улични банди и Тријадата – кинеска криминална организација. Мајкл е принуден да изврши неколку задачи на ФИБ агентите Дејв Нортон и Стив Хајнс со цел да ја спречат работата на ИАА – фиктивна тајна организација која се базира на CIA. Доколку Мајкл тоа не го направи, постојат големи шанси да биде откриена неговата тајна. Со помош на Тревор, Френклин и Лестер, заедно напаѓаат транспорт на пари наменети за фондови на ИАА и ограбуваат банка во која се наоѓа платниот список на сите корумпирани државни службеници во Лос Сантос. Хајнс знае дека има оставено траги зад себе за сите негови дела и затоа на Мајкл за последна задача му дава да ги избрише сите негови податоци од серверите на ФИБ. Мајкл веднаш прифаќа знаејќи дека сега ќе може да го отфрли влијанието на Хајнс од него, бришејќи го и неговото досие. Откако ќе завршат со ова, почнуваат со подготовки да ја ограбат централната зграда на Union Depository – банка во Лос Сантос. Во меѓувреме семејството на Мајкл се враќа кај него дома, но Тревор открива дека Бред, пријател на Мајкл и Тревор и соучесник во Лудендорф, бил убиен уште пред девет години. Чуствувајќи се излажен од Мајкл и од Дејв , кој во име на Бред му праќал e–маил пораки, се упатува кон Лудендорф за да го отвори гробот на Мајкл. Таму се случува и тоа што го помислил, го наоѓа Бред во гробот. Кога Мајкл и Дејв ќе бидат нападнати од ФИБ и АИИ агенти и Мериведер војници, Тревор ќе им помогне на Мајкл и Дејв, тврдејќи дека само тој има право да го убие Мајкл. Покрај тоа што не му прости на Мајкл, Тревор се согласува да учествува во грабежот на Union Depository. Грабежот ќе биде успешен, но Френклин доаѓа под меѓу два огна: Хајнс кој го убедува да го убие Тревор, и Вестон кој го принудува да го убие Мајкл. Френклин има и трета можност, а тоа е заедно со Мајкл и Тревор да им се спротивстават на сите нивните ривали. Со сите нивните ривали мртви и доволно пари за живеење се согласуваат да не работат повеќе заедно, но да останат пријатели.

Надворешни линкови[уреди]