Grand Theft Auto (видеоигра)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Grand Theft Auto
Дизајнот за британскиот омот на верзијата за ЛС
Изработувач(и) DMA Design (сега Rockstar North),
Tarantula Studios,
Visual Sciences (ЛС)[1]
Издавач(и) BMG Interactive, ASC Games, Take-Two Interactive Software, Inc.
Серијал Grand Theft Auto
Подлоги PlayStation, MS-DOS, Microsoft Windows, Game Boy Color
Датум на издавање PlayStation

ЕВР декември, 1997
СА јуни 30, 1998
ЈАП август 27, 1998
MS-DOS и Windows
СА февруари 28, 1998
ЈАП април 24, 1999
Game Boy Color
1999
Преземање со (Steam)
4 јануари 2008

Жанр(ови) Акција
Режим(и) Самостоен, групен
Медиум ЦД, касетка, преземање од интернет
Побарувања 486 DX4/100Mhz ЦПЕ[2]
16 MB РАМ
1 MB видео РАМ

Grand Theft Auto (скратено GTA) е акциско-авантуристичка видеоигра од 1997 година изработена од DMA Design (сега Rockstar North), издадена од BMG Interactive. Играчот има улога на криминалец кој слободно може да се шета низ еден голем град. Има разни мисии кои можат да се извршуваат, како кражби на банки, убиства и други злочини. Ова е првата игра од серијалот Grand Theft Auto, којшто за сега се состои од 10 самостојни игри и три раширување. Играта прво требало да се вика „Race N Chase“.[3] Како продолжение на GTA доаѓа Grand Theft Auto 2, а од 2004 година и двете игри се достапни за преземање од Rockstar Games на нивното мрежно место.[4] На 4 јануари, 2008 година, играта стана достапна и за преземање со Steam.[5]

Стил на играње[уреди]

Grand Theft Auto се состои од неколку нивоа, секое во еден од три големи градови. На секое ниво, главната цел на играчот е да достигне одреден број на поени, кои се достигнуваат со извршување задачи за месните криминални здруженија. Секое ниво си има свои задачи. Со успешно извршување на задача, играчот добива поени и можност за добивање потешки задачи за поголеми награди, додека неуспех дава малку поени и може долготрајно да заклучи некои други задачи.

Можности[уреди]

Играчот може да прави сè што сака. Може да добива поени од убивање луѓе и уништување возила, или крадење и продавање на возила, но за да добие доволно пари за завршување на нивото, тоа многу полесно се прави со извршување задачи, кои ги множат поените со секој успех и ги намалува со секој неуспех. The multiplier multiplies the number of points scored for anything. Some criminal acts have an inherent multiplier; for example, using a police car for running over people doubles the number of points received.

Слобода[уреди]

Дури и додека се извршуваат задачи, играчот има слобода да го одбира патот по кој ќе оди и што ќе прави по пат, но крајната цел обично е предодредена. Токму ваквите слободи ја издвоија Grand Theft Auto од другите акциони видеоигри од тоа време.[6][2] Некои места во играта се отклучуваат само со извршување на задачи.

Места[уреди]

Екранска снимка од Grand Theft Auto што го прикажува погледот врз Либерти Сити одозгора надолу

Grand Theft Auto се одвива во три големи градови, секој по ликот на некој вистински град: Либерти Сити по Њујорк, Вајс Сити по Мајами и Сан Андреас по Сан Франциско, Лос Анџелес и Лас Вегас. Сите три градови се растргнати од криминал и корупција, со постојани војни помеѓу месните криминални здруженија, разни насилства од улични банди, организирани кражби и убиства и корумпирани политичари и полицајци.

Овие три градови подоцна станаа место на одвивање и во други игри од серијалот: Grand Theft Auto III, Grand Theft Auto: Vice City, Grand Theft Auto: San Andreas, Grand Theft Auto (верзија за GBA), Grand Theft Auto: Liberty City Stories, Grand Theft Auto: Vice City Stories, Grand Theft Auto IV и Grand Theft Auto: Chinatown Wars.

Ликови[уреди]

Играчот може да одбере еден од осум ликови со кои може да игра: Тревис, Кет, Ники, Дивајн, Баба, Трој, Кивлов и Алрика (верзијата за PlayStation ги има само четирите машки ликови). Сепак, во играта нема разлика помеѓу ликовите, бидејќи сите ја носат истата жолта блуза. Исто така, можете и да му дадете име на својот лик, што може да служи и како шифра, ако ја напишете точната шифра кај името.

Саундтрак[уреди]

Grand Theft Auto содржи седум „радио станици, и една додатна полициска станица, кои можат да бидат преслушувани кога играчот ќе влезе во некој автомобил, меѓутоа секое возило може да прими само oграничен број на овие радио станици.[7] Во верзијата за PlayStation, секој автомобил има само една радио станица.

Играчите на личен сметач ја имаат можноста да го извадат дискот кога играта ќе се вчита, и да стават аудио диск, при што кога играчот ќе влезе во некој автомобил, радиото ќе пушти песна од аудио дискот. Оваа опција постои и кај PlayStation верзијата.

Насловната музика на играта е „Gangster Friday“ од Крег Конер (кој ги свири сите инструменти во оваа песна), која во играта е изведувана од страна на измислениот бенд „Slumpussy“, на радио станицата Head Radio.[7] Со исклучок на Head Radio FM, имињата на песните и радио станиците не се споменувани во игрите. Сепак саундтракот е вметнат во брошурата која доаѓа со играта.[7]

Колекторското изданије за личен сметач го содржи саундтракот на посебен диск. Музичката листа ги содржи имињата на песните, радио станиците и на некои песни албумот во кој се наоѓаат.

Критики[уреди]

Grand Theft Auto има рејтинг од 84% во списанието PC Gamer. Изгласана е како број 50 (заедно со Caesar III) во анкетата на тоа списание за најдобри 50 игри на сите времиња.

Играта е забранета за продажба во Бразил.

Белешки[уреди]

Надворешни врски[уреди]