Отворен свет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Отворен свет е вид на дизајн на видеоигри каде што играчот може слободно да шета по виртуелниот свет.[1]

Некогаш се користат и изразите „нелинеарна игра“ или „песочник“ (англиски: sandbox, се чита сендбокс) со исто значење[2][3] но отворен свет всушност се однесува само на околината, односно отсуство на виртуелни граници,[4] додека „нелинеарна игра“ може да се однесува на целата приказна, односно дека нема само еден можен тек. Изразот „сендбокс“ (песочник) се однесува на тоа како играчот може да се забавува слободно и покреативно, без граници или „правилен начин“ за играње[5], исто како во физички песочник за деца.

Сепак, и покрај нивното име, некои игри со отворен свет имаат ограничувања на некои места во околината, дали заради таквиот дизајн на играта или привремени ограничувања заради линеарната приказна на играта, како заклучени области или врати.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]